19 Декември, 2025
0.0608

Милениумскиот крст од денеска е заграден – СЕ РЕНОВИРА!

Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2014 12:48

Добивај вести на Viber

Посетителите на Милениумскиот крст на Водно од денеска нема да можат да му се приближат на објектот - тој и просторот околу него се оградени затоа што почнаа градежните зафати на негова реконструкција. Во истовреме, жичарницата до Милениумскиот крст ќе продолжи да работи. Работите на санацијата и адаптацијата на Милениумскиот крст и просторот околу него ќе траат девет месеци, а ќе ги изведува градежната компанија „Бетон“ - Скопје. Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески истакна дека финансирањето на овој проект ќе биде извршено од страна на Владата на Република Македонија во соработка со Град Скопје и јавните претпријатија. „Во нашата програма до 2018 година ќе биде изграден и вториот дел од жичарницата и во 2018 година очекуваме жичарницата од Скопје до Милениумскиот крст да биде ставена во функција“, истакна Јанакиески. Очекувањата на градоначалникот Коце Трајановски се дека со реконструкцијата крстот ќе привлекува повеќе посетители. „Ова е многу значајна инвестиција за градот Скопје, бидејќи ова е еден од позначајните објекти во Скопје и така како што беше граѓаните не можеа да ги почувствуваат придобивките од самиот објект“, вели Трајановски. Градежните работи е предвидено да чинат околу 1,3 милиони евра, а опфаќаат: антикорозивна заштита на челичната конструкција, поставување електрични инсталации, демонтажа на постојниот лифт на постојниот лифт во Милениумскиот крст и изградба на нов панорамски лифт со придружни простории и елементи, изградба на фекална канализација и санитарни јазли и регулација на водоснабдувањето до Милениумскиот крст.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот