Милијардер и филантроп тврди дека има решение за вирусот кој се заканува на ЕУ
Објавено во: Економија, Корона Вирус 22 Мај, 2020
Пандемијата на коронавирусот му се заканува на опстанокот на Европската Унија.
Ова го тврди милијардерот и филантроп Џорџ Сорос. Тој се залага за издавање европски обврзници за помош на погодените земји како Италија. Тврди дека решение сепак има.
„Тоа не е теоретска можност. Тоа може да биде трагична реалност“, вели Сорос.
Додаде дека ЕУ треба да има кредитен рејтинг ААА за издавање такви обврзници поради што треба да има овластувања за наплата на данок за да ги покрие трошоците на обврзниците.
„Даноците само треба да бидат одобрени, тие не треба да бидат имплементирани“, изјави Сорос.
Загрижен е за евроскептицизмот во Италија.
Европа треба да се подготви за втор бран на заразата.Имаше различни предвидувања, од тоа дека вториот бран ќе се случи наесен или во зима.
Во светот има повеќе од пет милиони заразени, со 326.000 смртни случаи.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.