Милијардери кои почнаа од нула а сега имаат богата империја
Објавено во: Финансии 12 Мај, 2017 10:41
Кога се родиш во семејство на богаташи, судбината ти изгледа замислена. Кога сепак треба да се бориш за секој денар, само амбицијата и упорноста можат да те спасат од мизеријата.
Овие пет лица денеска се милијардери, но ги чинело многу да стигнат до оваа фаза од животот. Инспирирајте се од нивните приказни.
Опра Винфри. Состојба: 2,9 милијарди долари

Опра Винфри е од сиромашно семејство од Мисисипи, но судбината и се врти со главата надолу, откако освоила стипендија од Државниот универзитет во Тенеси. Во времиња кога расната напнатост расте, Опра стана првиот дописник на афроамерикански телевизиски канал, само на 19 години. Во 1983 година се преселила во Чикаго и почнува да води шоу, кое подоцна ќе стане „Шоуто на Опра Винфри“. Денес таа е утврден водечки, автор, продуцент и филантроп.
Сер Ричард Бренсон. Состојба: 5,2 милијарди долари

Тој ја има една од икониските британски приказни за успехот на милијардери. За оние кои не го познаваат тој поседува конгломерат од бизниси под брендот Virgin. Некои од најпопуларните производи и услуги се Virgin Media, Virgin Mobile и сигурно Virgin Galactic.
Но скромниот почеток пред години наназад го прави настојувањето да изгледа речиси невозможно. Започнувајќи со свое списание на 16-годишна возраст, Брансон го почнува трендот да превзема ризици и да развива бизнис.
Тој продолжува со бизнис за продажба на музички записи и продавница за плочи во 1970 година под името Virgin Records, а во 80-тите години ја проширува својата империја со полно темпо. Се шири на речиси секој континент, а компаниите на Брансон напредуваат до ден-денешен.
Хауард Шулц. Состојба: 2,9 милијарди долари

За човек кој израснал во станбен комплекс за сиромашните, да остане психички здрав е подвиг. За Хауард Шулц сепак небото е граница. Роден во Бруклин, тој секогаш бил принуден да направи нешто што ќе му помогне да избега од околниот начин на живот.
Откако добива стипендија од Универзитетот во северен Мичиген, Шулц започнува со мало кафуле наречена Starbucks. Денес тој е на чело на компанија со над 16 000 објекти и е милијардер кој го заслужува секој цент што добива.
Роман Абрамович. Состојба: 8,4 милијарди долари

Роман Абрамович е сирак, кој израснал во јужна Русија во крајна сиромаштија. Постојат различни верзии за тоа каде учи, но она што е јасно е дека го започна својот бизнис со мала компанија за производство на пластични играчки. На крајот се впушта во нафтениот бизнис и брзо стекнал име. Денес тој е сопственик на фудбалскиот клуб Челзи (стекнат во 2003 година), ја има најголемата јахта во светот и начин на живот, кој само крал може да си го дозволи.
Амансио Ортега. Состојба: 70,1 милијарди долари

И овој милијардер имал многу сиромашно детство, но благодарение на духовитоста и маркетинг мислата успева да се издигне до најбогатиот човек во светот. Започнува како снабдувач во текстилна фирма, а денес е сопственик на модната империја Inditex. Ортега и до денес не се откажал од скромен начин на живот - тој нема канцеларија, работи меѓу вработените, не носи вратоврска и не сака да се појавува на светски настани.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





