Милијардерот Џек Ма: Еве каде згреши Америка со нејзините пари
Објавено во: Финансии 04 Јули, 2017 11:29
Џек Ма, творец на сајтот за онлајн трговија Alibaba и еден од најбогатите Кинези, смета дека грешката на САД во последните 30 години е премногу фокусирана на војните и Волстрит.
„Пред десетина години глобализацијата изгледаше како совршена стратегија за Америка. Ние ги сакаме само технологијата и марките, а другите да ја вршат работата“, си велеа таму. Американските компании направија милиони од глобализацијата. На IBM, и Microsoft - приходите им беа поголеми од оние на четирите водечки кинески банки заедно. Но, каде отидоа тие пари?“, Изјавил Ма за време на економски форум, пишува Business Insider.
Според него САД трошат премногу за странски конфликти. „Во последните 30 години Америка водела 12 војни и потрошила за нив 14,2 трилиони долари. А би требало да ги троши за сопствениот народ“, рече милијардерот. „Парите одат на Волстрит. После што се случи? Во 2008 година се здобија со 19,2 трилиони долари. Размислете што требаше да се случи ако овие пари пример беа потрошени за Средниот запад?“
„Стратегијата на Американците е другите да им ја крадат работата. Тие едноставно не ги дистрибуираат парите правилно“, додаде Ма.
Одговарајќи на друго прашање, бизнисменот, кој е познат по својата скромност, рече дека сака да се пензионира порано. „Не сакам да умрам во канцеларијата. Подобро да е се изгубам од овој свет на некоја плажа“, се пошегува Ма.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





