Добивај вести на Viber
Компании од САД загубија за помалку од година дена помеѓу 5 и 6 милијарди долари поради забраната за увоз на американско месо во Русија , изјави амбасадорот на САД во Москва, Мајкл Макфол во интервју за весникот „Комерсант“.
"Загубите се големи , а забраната уште е во сила и јас правам секакви напори за ставање крај на тоа " , додава дипломатот .
Москва ги обвинува американските производители на телешко и свинско месо , дека при одгледувањето на животните го користат адитивот рактопамин , за да ја зголемуваат мускулната маса. Овој додаток е забранет во Русија , бидејќи може да им наштети на здравјето на потрошувачите .
Макфол изјавува исто така дека како целина економските односи меѓу САД и Русија не се доволно динамични , но сепак не се прекинати по спорот за давањето на азил во Русија на поранешниот консултант на американските разузнавачки служби Едвард Сноуден .