МИЛИОНСКИ ЗАГУБИ, БЛОКИРАНИ СМЕТКИ: Како работат дел од фирмите за одгледување на канабис за медицински цели кои пред 6 години добија дозвола за работа?
Објавено во: Економија 14 Октомври, 2025 10:50
Периодот до 2020 година изгледаше како време во кое доаѓа „бум“ на инвестиции во канабисот - беа отворени неколку десетици фирми кои имаа за цел да одгледуваат канабис за медицински цели, а кои требаше да ја „размрдаат“ македонската економија. Експанзијата дојде во 2018 до 2019 година, кога и беа отворени повеќето фирми за одгледување на канабис и од кои се очекуваше огромен успех.
Фактор проверуваше, каков е успехот на овие компании, години подоцна, откако нивните даноци требаше да ја кренат економијата.
Како репер земавме неколку компании кои од владата добија „амин“ да работат со медицински канабис - шест отворени во 2018 година и две во 2019 година. Тие добија дозвола за работа откако на фирмата „Куалити Гроуп“, која сега е во стечај, и беше одземена лиценцата. Еве ги нивните резултати:
„Ендо Кана“ од Старо Нагоричане е меѓу ретките кои не се блокирани. Но, има голем минус во работењето - во 2022 година, загубата и изнесувала 15,5 милиони денари. 2023 година ја завршила со минус од речиси 4 милиони, додека лани, работела со загуба од 16,6 милиони денари.
Со загуби работи и „Мар Медика“ од Куманово, во сопственост на „Квалитет Пром“ и „УПМ Груп“. Во 2022 година, работеле со минус од 18 милиони денари. Следната 2023 година, биле со загуба од 17 милиони денари, додека лани, фирмата ја завршила годината со загуба од 29 милиони денари.
„Греен Медикал“ пак, најверојатно има кренато раце од канабисот. Во 2022 година, работела со загуби од 1,5 милиони денари. Во 2022 и 2023 година, нема никакви приходи и расходи, а со тоа, ниту добивка и загуба. Трите сметки на фирмата се блокирани.
Не е поразлична состојбата ниту во „Фрст Медикал Канабис“ од Кавадарци. Фирмата сопственост на Бесир Метани и Нико Шамо нема информации како ја завршила минатата година, но претходните три години работела со загуби. Последната достапна година, 2023 година, работеле со минус од 3 милиони денари.
Блокирана е сметката и на „Њу Гарден Фарма“ од Скопје. И таа, како и другитњ работела со минус. Во 2022 година, имала загуби од 38,7 милиони денари. Следната 2023 година, загубите достигнале 59 милиони денари, а лани, годината ја затвориле со минус од 87 милиони денари.
„Канбио Медикал“ исто така работи со загуби. Лани, имале минус од 900 илјади денари. Во 2022 и 2023 година, работеле со загуба од 1 милион и 1,5 милиони денари. И нејзината сметка е блокирана.
Со блокада и загуби е и „Грин Медикал Терпаи“ од Чучер Сандево. Во 2022 година, работеле со минус од 2,3 милиони евра. Во 2023 година, загубата достигнала 6,3 милиони денари, а лани, немале никаков приход, но имале расход од 108 илјади денари, што всушност е и загубата која ја претрпела фирмата.
„Лајф Плант“ од Струмица е сопственост на четворица - Александар и Благој Лазарови и Драган и Иван Проданови. Тие воедно ги имаат едни од најдобрите финансии од оние кои ги проверивме - во 2022 година работеле со добивка од 1,6 милиони денари, а во 2023 година влегле во минус од 374 илјади денари. Лани, добивката им изнесувала половина милион денари.
Александар ТодескиМожеби ќе ве интересира
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје




