Милошоски ги демантира медиумите: Не се повлекувам од избoрната трка
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2016
Екс министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски со демант до медиумите по објавените информации дека се повлекува од политиката.
Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека нема да ја смени професијата засега и дека останува дел од политичката трка и покрај тоа што Фокус пишуваше дека на вчерашната прес конференција тој истакнал дека побарал да не се најде на листата на неговата матична партија.
Оттука најверојатно произлегоа и наводите дека Милошоски ќе биде нотар, бидејќи во центарот на Скопје веќе извесно време подготвува нотарска канцеларија.
„Секоја друга професија која што би можел да ја работам како професор, нотар или научен соработник, ќе биде во мирување сѐ додека имам поддршка од граѓаните и од партијата да извршувам обврски во интерес на државата“, изјавил Милошоски за МКД.мк.
Останува да почекаме до објавувањето на кандидатските листи на партиите и да видиме дали Милошоски ќе биде дел од нив.