Милошоски „му упадна“ на Анѓушев во сред емисија
Објавено во: Македонија 09 Ноември, 2018 09:05
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, инаку тврдокорен противник на Преспанскиот договор, го гледал на телевизија во живо гостувањето на вицепремиерот Кочо Анѓушев во емисијата „Само Вистина“ и му искоментира како обичен гледач на кајронот наменет за мислења од страна на гледачите.
“Г-н Анѓушев, наместо да ги оптоварувате граѓаните со нови давачки, ќе бидете ли љубезен да објасните кога ќе почнете со проектот поврат на 15% ДДВ, што заедно со Заев го ветивте пред изборите”, праша Милошоски.
Додека беше он-лајн, коментарот беше забележан и Анѓушев му одговори на екс-министерот за надворешни работи, додека овој го следел на телевизија.

“Пред било која реформа да ја направите потребна е опширна анализа, таа анализа се
прави во Министерството за Финансии.
На Економскиот Совет сме ја разгледувале и мислам дека министерството за финансии ќе
излезе со таква анализа и ќе го каже ставот по тоа прашање.
Не би можел конкретно да ви одговорам за таа реформа, сепак е во ингеренции на
министерството за финансии, но да ги видиме анализите, да ги видиме математиките, тоа
се однесува на граѓаните кои трошеле и плаќале ДДВ сметки, нешто да им се врати, на
некој начин и да се зголеми фискалната дисциплина.
Не би можел да кажам кога ќе биде тоа, но еве пак да потенцирам тоа е сепак во
ингеренции на министерството за финансии, тие имаат тим кој работи на тоа прашање”,
одговори вицепремиерот за екомомски прашања.
Анѓушев во текот на емисијата, покрај еконосмките проблеми, ја критикуваше и политиката на опозицијата.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




