Милошоски: Нека не помислува ДИК да ја краде победата, народот ќе се бунтува
Објавено во: Македонија 15 Декември, 2016 23:40
Антонио Милошоски се обрати на насобраната толпа на поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ и со својот говор само ја наелектризираше состојбата практично повикувајќи на бунт доколку ДИК ги прифати приговорите на СДСМ и БЕСА за пребројување или прегласување во шестата изборна единица.
„Во Теарце немаше никакви инциденти, нерагуларности или проблеми во текот на целиот изборен ден, а тоа го потврдија и самите набљудувачи на СДСМ, БЕСА и ДУИ. Го предупредуваме ДИК да донесе незаконски одлуки спротивни на волјата на народот кој ја донесе победа. Нека не помислува некој ако трпевме две години ќе трпиме и натаму, победата е израз на волјата на народот. Во спортската и изборната игра треба секој да научи дека може да победи и да изгуби и мора да се однесува достоинствено ние сме победници нема да дозволиме никој да ни ја оспори победата, да живее Македонија“ извика Милошоски.
Пред ДИК е навистина тензично и се подготвува автобуски превоз на стотина членови на ВМРО-ДПМНЕ од другите градови кои треба да дојдат во Скопје. Во моментот ДИК ги разгледува приговорите на СДСМ за шестата изборна единица каде се повикани членови од општинските изборни комисии кои даваат исказ.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




