21 Мај, 2024
0.0293

МИЛОШОСКИ СО ПОРАКА ДО ОНИЕ ЧИИ БЛИСКИ ЌЕ НАСТРАДААТ ОД КОВИД - имате право да ја тужите државата

Објавено во: Македонија 26 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вели дека кај нас вакцините доцнат во однос на другите држави и дека заради тоа, секој граѓанин што отсега натаму ќе се разболи тешко од ковид, или ќе му почине член од семејството д оваа болест, има право да ја тужи државата.
„Тужби за загрозување на животот и здравјето!

Од пред два дена во Србија, Грција, Словенија, Турција и други земји во регионот започна вакцинирањето против Ковид19, како здравствена мерка.

Во Македонија државата нема набавено ни вакцина, ниту има стигнато милостина од државите кои навремено си обезбедиле вакцини од производителите. Со тоа од страна на државата сериозно е повредено граѓанското право на живот, со ненавремена и неефикасна здравствена заштита.

Затоа од вчера па натаму, секој граѓанин или семејство, кој/кои ќе претрпат посериозни штетни здравствени последици од Ковид19, или истото резултира со трагичен исход по животот на граѓанинот, има законско право да ја тужи државата за тоа и тој/таа или блиското семејство да бара обесштетување.

Основа за заштита на ова право на граѓанинот, како и основа за тужба пред македонските судови или пред Судот во Стразбург се членот 39 од Уставот, член 2 од Конвенцијата за заштита на човековите права, како и обврските на државата утврдени во Законот за здравствена заштита“, напиша на својот фејсбук профил пратеникот Милошоски.

Можеби ќе ве интересира

МАРИНАКИС: Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

МАРИНАКИС: Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави