Милошоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи европски модел за решавање на спорот со Бугарија

Објавено во: Македонија 02 Февруари, 2024 10:39
Доколку постои заеднички интерес и членството на Македонија во ЕУ е важно и за Македонија, за Бугарија и за ЕУ, со поддршка на САД може да се постигне попрагматичен пристап за да се случи членството на земјата во ЕУ и секоја од земјите да се чувствува како победник. Ова го вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за надворешни работи Антонио Милошоски во синоќешното телевизиско гостување за ТВ 24, одговарајќи на прашање дали мисли дека може да се ревидира преговарачката рамка на земјата со ЕУ.
„ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи европски модел за решавање на спорот со Бугарија - моделот на Словенија и Хрватска, каде исто така имаше проблем многу посериозен од ирационалниот спор меѓу Бугарија и Македонија, но со помош на Брисел се договорија Хрватска да влезе во ЕУ и тогаш да стапи на сила решението на нивниот спор. Но, да се прават измени на Уставот (на Северна Македонија) и потоа да се добијат уште 5-10 блокади од Бугарија е наивно и неодговорно однесување“, рече Милошоски, објаснувајќи кое е решението што ќе го предложи опозициската партија за земјата да продолжи со преговори со ЕУ.
Според него, со потпишувањето на Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, владејачката партија СДСМ ја стави Македонија во подредена позиција, „бидејќи Бугарија се повикува на Договорот за пријателство кога става вето и кога ја диктира преговарачката рамка“
Можеби ќе ве интересира
Филипче и Силјановска Давкова наддаваа на аукција во Кочани

Филипче: Немам заеднички бизниси и недвижнини со Заев

Архитектот Мишко Ралев најпосакуван кандидат за градоначалник на Скопје во СДСМ

Скопјанец без возачка дозвола со мотор удрил 10-годишно девојче пред училиште во Чаир

Родители протестираа во Кочани и бараа одговорност во редовите на полицијата

Стафан Андоновски: Составот на ДКСК беше избран на кредибилен начин, треба да продолжи со работа

СДСМ: Престрелка и убиство „во двор на полициска станица“, Тошковски да си поднесе оставка

Потврдите за неосудуваност достапни за издавање онлајн

Жерновски до Муцунски: Изјава како да си член на паланечка НВО
