19 Декември, 2025
0.0580

Милошоски: Во јуни Македонија добива покана од НАТО и Датум од ЕУ

Објавено во: Македонија 29 Мај, 2018 07:49

Добивај вести на Viber

Според поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, Македонија во јуни ќе добие покана од НАТО и Датум за преговори од ЕУ.

На својот фејсбук профил објави план од 11 точки за којшто тврди дека е договорената компромисна рамка меѓу дипломатите Никола Димитров и Никос Коѕијас за промена на името и на Уставот. Според овој план, на потег се премиерите на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, кои наскоро треба да го потпишат овој договор во Преспа и да почне процедурата за прием на Македонија во ЕУ и НАТО и за промена на Уставот на Република Македонија.

 Еве што објави Милошоски:

„1. Дефинирање на новото име преку повратна комуникација меѓу Заев и Ципрас.

2. Потпишување на договор за промена на името во Преспа на почетокот на јуни.

3. Договорот за името оди во македонското Собрание каде треба да помине со гласање на 61 пратеник.

4. Грција испраќа писмо до НАТО за да одобри условен прием (членство само по уставни промени).

5. Грција испраќа писмо до ЕУ за поддршка за почеток на преговорите на Скопје под услов уставните промени да завршат во рок од 12 месеци.

6. На 28 јуни Заев ќе биде поканет на самитот на ЕУ официјално да го прими датумот за почеток на пристапни преговори

6а. На 11/12 јули Скопје ќе ја прифати официјалната покана за НАТО.

7. Во октомври ќе се одржи референдум за името со кој Заев ќе треба да покаже дека мнозинството граѓани ја прифаќаат рамката за промена на името.

8. Врз основа на очекуваната силна поддршка од СДСМ и албанските гласачи Заев ќе побара поддршка од опозицијата во Собранието и со 2/3 мнозинство да се промени Уставот за името. Доколку некои пратеници искажат противење на промена на името, СЈО и други владини институции ќе спроведат соодветен притисок.

9. Договорот за промена на името ќе дојде за гласање и пред грчкиот парламент, по што ќе почне процесот на ратификација во другите земји членки на НАТО

10. ОН, ЕУ и НАТО ќе го признаат новото име.“


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот