МИНИМАЛНА ПЛАТА ОД 600 ЕВРА, ПРОСЕЧНА ПЕНЗИЈА ОД 500 ЕВРА: Ова го ветува Ковачевски за следните четири години
Објавено во: Економија 31 Март, 2024
Првиот човек на СДСМ, Димитар Ковачевски вети дека просечната плата за четири години ќе биде 1.100 евра, минималната 600 евра, а просечната пензија 500 евра.
Кажа дека програмата се темели на четири основни столба: човечки капитал, продуктивност, иновативност и конкурентност.
„Проектираме просечна стапка на раст на економијата од 5,1 отсто во наредните четири години и ќе го оствариме тоа, изјави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во своето воведно обраќање по повод промоција на Програма за европска иднина и кандидати за пратеници на избори 2024 година“, вели Ковачевски.
Македонија има најниски плати од државите од поранешна Југославија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.