21 Декември, 2024
0.0796

Царовска и градоначалниците на средба: Ќе прецизираат каде ќе има можност за настава со физичко присуство

Објавено во: Македонија 03 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Директорите на некои од скопските училишта уште вчера по средбата со министерката за образование и наука, Мила Царовска најавија дека имаат услови наставата да ја реализираат со физичко присуство за сите ученици. Такви се ООУ „Лазо Трповски“ и ООУ „Аврам Писевски“ во Општината Карпош, а доколку родителите се изјаснат нивните децата да ја следат наставата со одење во училиште, директорите на  овие две скопски училишта, рекоа дека има безбедни услови со запазување на сите протоколи.

За да се прецизираат сите детали како ќе стартува новата учебна година, која прв пат, поради епидемијата на корона кризата во земјава е со еден месец одложување и треба да почне на 1. Октомври, министерката во текот на утрешниот ден треба да има средба со градоначалниците на општините. Фактор побара одговори од општините, како тече процесот на прибирање на податоци за бројот на учениците кои ќе сакаат наставата да ја следат со физичко присуство, а оттаму одговорија дека сепак станува збор за малку покомплициран процес, но подготовките течат.

-Основните училишта во претстојниот период ќе направат дополнително скенирање на состојбата, со цел да се добие вистинската слика, дали се подготвени за настава со физичко присуство (особено за повисоките одделенија). Директорите од основните училишта во Карпош беа на координативната средба со министерката за образование и наука, Мила Царовска, каде што се зборуваше за повеќе аспекти, а за во петок е најавена и средба на министерката со градоначалниците. Имено, училиштата ќе бидат под надзор и на Државниот здравствен и санитарен инспекторат, за да се проверат условите во сите простории. Исто така, добиени се насоки за промена на дел од корпите за отпадоци во училиштата (кои треба да бидат со посебен механизам и со капак за затворање), како и други детали кои треба севкупно да ја унапредат хигиената во образовните установи. Доколку основното училиште направи проценка дека може да обезбеди настава со физичко присуство, потребно е да го поднесат барањето до основачот – општината, а потоа локалната самоуправа го проследува до Комисијата при Владата, ни изјавија од Општина Карпош.

Сосема слична е и ситуацијата во скопската општина Центар. Градоначалникот Саша Богдановиќ, во разговор за Фактор изјави дека и во оваа општина има училишта кои ги исполнуваат условите за физичко присуство на настава согласно сите протоколи кои ги утврди Комисијата за заразни болести.

-Де од училиштата во Општина Центар имаат можност да направат одделенија до 20 ученици, како што предвидува протоколот. Анкетите се во тек, а за денеска има актив на директорите од кои очекуваме да ги добиеме бараните податоци. По изјаснувањето на училиштата, до 10.септември, ние ќе го известиме МОН. Доколку има потреба од дополнителна контрола, училиштата ќе бидат отворени за посета до страна на Комисијата за заразни болести и Државниот здравствен и санитарен инспекторат, изјави градоначалникот Богдановиќ.

Инаку вчера, министерката Царовска најави дека и покрај одложениот почеток на учебната година, нема да има нејзино пролонгирање и ќе заврши вообичаено на 10.јуни. Освен тоа, новина е дека и оние ученици кои ќе останат да ја следат наставата онлајн, ќе мора физички да присуствуваат во училиштата за проверка на знаењата.

Анита Буховски


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

„БЕБЕТО ДЕНОТ БИЛО ПРЕГЛЕДАНО ОД СПЕЦИЈАЛИСТИ И БИЛО ВО ДОБРА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА“ - директорот на Детска, Мемеди, тврди дека грижата била професионална

„БЕБЕТО ДЕНОТ БИЛО ПРЕГЛЕДАНО ОД СПЕЦИЈАЛИСТИ И БИЛО ВО ДОБРА ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА“ - директорот на Детска, Мемеди, тврди дека грижата била професионална

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВОДОВОД СО ГОЛЕМО СООПШТЕНИЕ: Полнењето е почнатои и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа

СЕ ОГЛАСИЈА ОД ВОДОВОД СО ГОЛЕМО СООПШТЕНИЕ: Полнењето е почнатои и се очекува притисокот да се стабилизира за неколку часа

„ЗА НАС ПОМЛАДИТЕ БЕШЕ КАКО ТАТКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР ДРАГ ПРОФЕСОРЕ“ - почина професорот Љупчо Арнаудовски

„ЗА НАС ПОМЛАДИТЕ БЕШЕ КАКО ТАТКО, ПОЧИВАЈ ВО МИР ДРАГ ПРОФЕСОРЕ“ - почина професорот Љупчо Арнаудовски

ТИЕ ШТО ИМААТ ВОДА ИМААТ, А ТИЕ ШТО НЕМААТ ДА НЕ БРЗААТ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ - еве какви препораки даде Институтот за јавно здравје

ТИЕ ШТО ИМААТ ВОДА ИМААТ, А ТИЕ ШТО НЕМААТ ДА НЕ БРЗААТ КОГА ЌЕ ДОЈДЕ - еве какви препораки даде Институтот за јавно здравје

ПРОФЕСОРОТ КОЖУХАРОВ Е 64 ГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ КОЈ БЕШЕ ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ ВО АВТОМОБИЛ ВО РЕКА - немало видливи траги на насилство

ПРОФЕСОРОТ КОЖУХАРОВ Е 64 ГОДИШНИОТ СКОПЈАНЕЦ КОЈ БЕШЕ ПРОНАЈДЕН ПОЧИНАТ ВО АВТОМОБИЛ ВО РЕКА - немало видливи траги на насилство

ОБДУКЦИСКИОТ НАОД УШТЕ НЕ Е ГОТОВ, А СЕ БАРААТ И ДОДАТНИ ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ - Обвинителството ја испитува смртта на скопјанецот кој со колата беше пронајден во река

ОБДУКЦИСКИОТ НАОД УШТЕ НЕ Е ГОТОВ, А СЕ БАРААТ И ДОДАТНИ ЛАБОРАТОРИСКИ АНАЛИЗИ - Обвинителството ја испитува смртта на скопјанецот кој со колата беше пронајден во река

„ТОЈ Е ВО АЛБАНИЈА, А НЕ НА КОСОВО, НО НЕ Е НИ ВАЖНО, СО БЕГСТВОТО ЈА ДОКАЖА ВИНАТА“ - Меџити со информации за Груби

„ТОЈ Е ВО АЛБАНИЈА, А НЕ НА КОСОВО, НО НЕ Е НИ ВАЖНО, СО БЕГСТВОТО ЈА ДОКАЖА ВИНАТА“ - Меџити со информации за Груби

ЗАСНЕЖИЈА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА НА СКОЈПЕ, СНЕГ ЌЕ ИМА И НА ПЛАНИНИТЕ - ова е временската прогноза

ЗАСНЕЖИЈА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА НА СКОЈПЕ, СНЕГ ЌЕ ИМА И НА ПЛАНИНИТЕ - ова е временската прогноза

ДАЛИ ПРИЛЕПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ПОДНОВИ СО СЛУЖБЕНА КОЛА ОД 65 ИЛЈАДИ ЕВРА - прилепските млади социјалдемократи обвинуваат

ДАЛИ ПРИЛЕПСКИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК СЕ ПОДНОВИ СО СЛУЖБЕНА КОЛА ОД 65 ИЛЈАДИ ЕВРА - прилепските млади социјалдемократи обвинуваат