23 Ноември, 2024
0.0303

Министерот Адеми за Фактор: Не фаворизираме фирми за учебниците

Објавено во: Македонија 05 Декември, 2018

Добивај вести на Viber

Основците ќе учат по нови законски правила од следниот септември. До тогаш Министерството за образование ќе успее да го подготви новиот закон за основно образование, но и да го имплементира. Во интервју за Фактор министерот за образование Арбер Адеми ветува дека реформите ќе се реализираат до овој рок, иако првично идејата беше новиот закон да е готвов и да функционира годинава. Министерот ги одговори прашањата писмено, а во интервјуто тој зборува и за учебниците и тендерите кои ги спроведува Министерството на кои според податоците најчесто договорите се склучуваат со две изадвачки куќи. Адеми вели дека не фаворизира никого. ниту пак дека има политика во изборот на рецензенти за учебниците. 

„Реформите чие конципирање го започнавме со претходната министерка за образование, во периодот додека јас бев заменик во овој ресор, се клучни ветувања и компоненти на четиригодишната владина програма за работа и тие секако ќе се случат. Се уште работиме на подготовка на новиот Закон за основно образование кој треба да ги овозможи најкрупните промени. Односно работиме на доработка на одредени членови содржани во неговата првична верзија, кои заедно со сите засегнати чинители во овој процес, оценивме дека треба да се модифицираат, да се надополнат, изменат. Откако ќе ја подготвиме новата верзија на законот, таа ќе биде повторно понудена на јавна расправа и по сослушувањето и прифаќањето на конструктивните и издржани забелешки од сите оние кои сега во оваа фаза не се вклучени, ценат дека треба и сакаат да дадат придонес во подготовката на најдобрите решенија, таа конечна верзија ќе биде доставена на собраниска расправа и конечно усвојување.  


Кои се клучните измени кои ги предвидувате со законот, како ќе се регулираат бројот на часови, наставните програми, како ќе се спроведува националното тестирање?

Ќе издвојам неколку конкретни работи. На пример наставата во учебната година е предвидено да се остварува во 175 до 180 наставни дена, за да се избегне работењето за време на викенди. Новина е и утврдувањето на неработни денови за наставниците за време на зимскиот распуст на учениците при што најмалку половина од траењето на зимскиот распуст на учениците се платени неработни денови за наставниците.Овие денови не се дел од годишниот одмор на наставникот и не се засметуваат во неговото траење. Предвидено е и намалување на бројот на ученици во паралелките, наместо минималниот број од 24 кој е сега предвиден, да има 20 ученици. Додека максималниот број да биде до 30, секако онаму кадешто постои просторна можност за тоа. Се воведува и професионална ориентација на учениците, согласно способностите и афинитетите кои ги изразуваат. Се утврдува бројот на учениците со посебни образовни потреби во општинските училишта да не може да биде повеќе од два во едно одделение, со единствена цел, избегнување на нивно групирање и изолирање во една паралелка Секако, ќе се зајакнат и стручните служби и тимови кои ќе работат со овие деца.

Ја уверувам јавноста дека ќе го изработиме и понудиме најдоброто решение, во кое никој нема да биде оштетен, напротив правата се унапредуваат дополнително. Тоа е нашата цел.

Според вашите очекувања кога ова би се имплементирало?

Очекуваме овој комплексен процес да биде заокружен пред следниот септември. Што значи новините кои ги најавивме ќе бидат имплементирани од учебната 2019/2020 година кога сите институции и поединци ќе бидат целосно подготвени за прифаќање и спроведување на тие новини што всушност ќе значат крупни поместувања во националниот образовен систем.


А какви промени да се очекуваат во средното образование?

Откако ќе се случат новините во основното образование, секако дека ќе се заложиме и ќе обезбедиме континуитет на тие новини и во средното образование. И во оваа област ќе понудиме посовремено решение кое ќе ги регулира правата, обврските, можностите и така натаму. Меѓутоа сакам да напоменам дека во средното образование, ние и сега доста работиме. Фокусот е ставен на стручното образование. Нашата земја има потреба од стручен кадар, но и квалитетен кадар кој ќе поседува стручни вештини токму какви што бараат работодавачите. И во тој дел, веќе направивме крупни реформи. На пример изменети се бројни наставни програми, а воведени се и нови. Започнавме со воведување на концептот на дуално образование кој предвидува поголема непосредна соработка помеѓу училиштата и компаниите и обучување на учениците директно на работно место. Така најдобро се учи и се постигнуваат резултати, односно се стекнуваат практично применливи знаења и познавања. Во меѓувреме, се изработуваат и нови учебници за повеќе предмети за кои или немало, или пак има навистина застарена материја.

Што е со кадарот во обарзованието, дали планирате нови вработувања?

Во образованието континуирано има нови вработувања. Ние постапуваме согласно барањата на општините, каде реално има потреба од нов, дополнителен кадар, но и секако согласно буџетските можности. Така што, во овој сегмент не гледам сериозен проблем. Излегуваме во пресрет каде и кога навистина треба.

Во однос на учебниците, зошто учебниците на Арс Ламина и Арберија се откупуваа по цена од 900 денари од учебник, кога за еден таков учебник реалната цена на пазарот изнесува од 250 до 350 денари со сите вклучени трошоци за лиценца, авторски хонорар, печатење и слично?

Оваа информација не е точна. Министерството за образование и наука оваа година согласно законски утврдената и единствена постапка за откуп на учебници од издавачките куќи кои ги поседуваат правата за тие учебници, а тоа е по пат на преговарање, успеа да издејствува цена која во вкупен износ, вкупна вредност за сите учебници кои ги откупуваме во целосен тираж е за 40 проценти пониска во однос на изминатите години. И, по истите, пониски цени, овие учебници можат да се најдат и во продажните места на издавачките куќи. Значи, не постои разлика во цените по кои МОН ги откупува учебниците и по кои тие можат да се набават во слободна продажба која пак, за прв пат е овозможена од оваа година со направени измени во Законот за учебници.

И нема цена од 900 денари. Конкретно, цените за учебниците од Арс Ламина во зависност од одделението се движат од 379,50 денари до 593,25 денари, а за дидактичките материјал се движат од 167,09 до 213,29 денари (за предметите од 1-во до 6-то одделение). По однос на Арберија, бидејќи тие имаат учебници од 4-то до 9-то одделение цената се движи од 690,69 до 790,79 денари, а дидактички материјал имаат само за природни науки од 4-то до 6-то и цената е 340,34 денари.

Се тврди дека ги дискриминирате другите предмети со тоа што откупувате дидактички материјали само по математика и природни науки од Арс Ламина и Арберија, а не за другите предмети и тоа по цена од 350 денари, а реалната цена за тие изнесува од 100 до 150 денари?

Не станува збор за дискриминација. Дидактички материјали како задолжителни дополнителни содржини за учебниците по предметите природни науки и математика кои се во сопственост на овие две издавачки куќи од пред неколку години се одобрени од надлежните институции за примена во образовниот систем . Истите за потребите на учебниците за оваа учебна година се откупени по цена од 167 и 176 денари од 1-во до 3-то одделение. По други предмети, одобрени се учебници од други издавачки куќи. И од сите нив, МОН врши откуп. И не може да ги откупи од други издавачки куќи кои не ги поседуваат авторските права за тие конкретни учебници или дополнителни дидактички содржини.


Имаше обвинувања дека тројца луѓе одлучуваат која книга ќе се користи по одреден предмет за цела Македонија кога сите учебници што се поднесуваат се изработуваат согласно дадената програма. Кој ги избира и по кој критериум рецензентите?

Законските прописи наложуваат рецензентски комисии да ги разгледуваат учебниците кои конкурираат на одреден оглас за учебник по конкретен предмет и да дадат свое мислење, по кое потоа постапуваат другите субјекти, институции вклучени во процесот. Членовите на рецензентските комисии се избираат по пат на јавни повици, односно огласи во кои секако, се наведуваат соодветни критериуми кои апликантите мора да ги исполнат а се поврзани со нивната стручност, образование, работно искуство и така натаму. Значи членувањето во партија не е наведен критериум и ние немаме претстава дали некој од апликантите е дел од политички субјект, ниту пак не интересира. 

Често се случува да нема кандидати за рецензенти, или пак, да има многу малку и од тие малку, дел да не ги ни исполнуваат условите. Така што, народно кажано, “муабетите“ дека рецензентите се партиски луѓе и работат по нечија директива целосно ги отфрлам, бидејќи изборот на рецензенти од малкумина пријавени, или малкумина со исполнети критериуми и не е баш тешко да се направи.

Во оваа тематика има и еден друг момент кој би сакал да го изнесам. Имено, рецензентските комисии составени од тројца членови, даваат мислење и директно одобруваат учебници по странските јазици. Додека за сите останати предмети, освен нивното мислење, се добива мислење и од Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука кои потоа се проследуваат до Национална комисија за учебници и се носи одлука врз основа на сите сумирани мислења за одреден учебник. Така што, изборот на учебници не е процес во кој само тројца одлучуваат.  

Во јавноста излегоа и сомнежи, некои поткрепени и со факти во однос на прашањето сошто сите милионски тендери за учебници во времето на претходната владечка гарнитура ги добиваше Арс Ламина – фирма која првпат учествуваше на тендер за учебници со никакво искуство во издавање на учебници, а потоа па до сега постојано тендерите ги добиваат  Арс Ламина и Арберија?

Ќе појаснам повторно. Во основните и средните училишта во нашата земја се користат учебници, од кои, за дел авторските права ги поседува МОН и избира печатница која истите ги печати и потоа ги дистрибуираме до училиштата. Додека за другиот дел, авторските права ги поседуваат издавачки куќи и истите тие учебници единствено можат да се откупат од тие издавачки куќи и од никој друг. За еден дел од учебниците кои се одобрени и се применуваат во основното образование, споменатите две издавачки куќи го поседуваат ексклузивното авторско право и ние како министерство сме должни да ги откупиме од нив исто како што откупуваме учебници и од дваесетина други издавачки куќи кои пак, ги поседуваат авторските права за други учебници. Така што, ценам дека нема потреба од постојано ширење вести дека одредени издавачки куќи биле, или сега се фаворизираат. Едноставно, тие што понудиле добар учебник, најсоодветен содржински и во согласност со поставени критериуми при постапка за избор на учебници од надлежни институции, тие биле или се одбрани. И при секоја таква постапка, постојат правни алатки во форма на жалби, приговори, дури известувања до надлежни истражни органи доколку постои сомнеж за нешто противзаконско и слично. Така што, секој кој се сомнева во одредена неправилност, има можност да реагира и тоа да се испита.

A.T.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

Во Клиника Жан Митрев повторно успешно примената наградуваната метода за хирургија без рез

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

МАКЕДОНСКИ АВТОБУС ЗАГЛАВИ ВО СНЕЖНИТЕ НАНОСИ ВО СРБИЈА, УДРИЛ ВО БАНКИНА: Невремето со снег направи хаос

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

ПУСТОШ ВО ДЕБАР, БИТОЛА, ШТИП, ВЕТРОТ ОТКОРНА 100-ГОДИШНИ ДРВЈА: Неделава со поларни температури

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

МИЦКОСКИ: Ќе излеземе со нов предлог-проект за набавка на 100-120 електрични автобуси кои нема да бидат само за ЈСП

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Се одржа протест поради проблемите со јавниот превоз во Скопје

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ВЕЧЕРВА ПОЛЕСНО СЕ ДИШЕ: Куманово и Струмица се средно загадени

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ПО ШТИП, НА УДАР И БИТОЛА: Силниот ветер направи штети

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

ОШТЕТЕН ПОКРИВ НА УЧИЛИШТЕ И ПАДНАТИ ДРВЈА: Силен ветер направи хаос во Штип

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание

СИЉАНОВСКА-ДАВКОВА ЈА ПРИМИ ШЕКЕРИНСКА: Искрени честитки за оваа престижна функција, која е не само лично, туку и државно признание