Министерот Бектеши панелист на годинешниот FMCG SUMMIT, Скопје повторно центар на европската бизнис елита
Објавено во: Мои пари 24 Октомври, 2023
Министерот за економија Крешник Бектеши ќе биде еден од панелистите на 9. FMCG SUMMIT во организација на магазинот InStore и Кликер маркетинг. Тој ќе биде дел од панел дискусијата со релевантни претставници од секторот за трговија со стока за широка потрошувачка, кој ќе се одржи на 26 октомври во „Александар Палас“.
Од почетоците, до денес овие самити претставуваат точка каде што се собираат сите релевантни бизнис-претставници од македонската деловна заедница и регионални и европски предводници на новите трендови кои ги споделуваат своите искуства.
Организаторите на овој настан велат дека е вистински предизвик да се соберат во ист простор сите претставници на FMCG секторот, а оваа година присутен ќе биде и министерот за економија.
„Пред 9 години кога го организиравме првиот самит, во македонската стручна јавност недостасуваше настан на кој очи в очи ќе се сретнат сите чинители од FMCG-индустријата. Тоа го прави овој настан единствен од овој вид. FMCG SUMMIT-от е центарот каде се среќаваат конкурентите и партнерите, поранешните и идни соработници. Оваа година повторно ќе имаме чест да претставиме говорници кои се фактор во светот на бизнисот“, изјави Верица Мартиновска, директорка на InStore.
Годинава повторно свои излагања ќе имаат домашни и европски експерти кои ќе зборуваат за начините на водење успешни бизниси.
Учесниците на самитот ќе имаат шанса лично да го запознаат светски познатиот економски консултант со 35-годишно искуство, Tони Дурам, човекот за кој се вели дека знае сѐ за психологијата на купувачите. Тој одигра клучна улога како ментор и советник на некои од најистакнатите светски бренд менаџери. Последната деценија од неговата кариера со P&G беше обележана со неговата позиција како директор за дизајн базиран на купувачи (SBD) за регионот на Европа, Индија, Африка и Блискиот Исток.
Бобан Младеновски, Македонец кој успешно ја гради кариерата во еден од најголемите меѓународни синџири на маркети. Тој е менаџер за транспорт во „Теско“, Велика Британија и ќе го сподели своето интернационално искуство на темата „Од складиште до полица: Логистиката и еколошките активности на Теско“.
Европскиот топ бизнис аналитичар Себастијан Ренак, со своето дваесетгодишно искуство од областа, ќе зборува за најновите трендови во европската малопродажна трговија и клучните актуелности во наредните години.
Бидејќи денес податоците се главната алатка за успешно водење на бизнисот, компаниите ќе имаат ексклузивна можност да слушнат кои се потрошувачките навики, и најважно, дали во време на инфлација треба да се вложува во нови производи. Анализата ќе ја претстави управителката на истражувачката агенција БРИМА, Калина Медаровска Михајловска.
Лидерот за дистрибуција, Огнен Костовски, од компанијата „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ ќе раскаже како ја унапреди соработката со целата малопродажна мрежа на македонскиот пазар.
Управителот и генерален директор на БМ груп Македонија, Дејан Сипковски, ќе ги сподели своите знаења за трендовите и алатките за ефективна продажба.
Покрај нив присутни ќе бидат и Климе Булоски, извршен директор на „Еуро табак“, и Икица Павлоски, комерцијален директор во „Лион“.
FMCG SUMMIT-от е дел од мрежата InStore, па вакви самити се одржуваат и во Белград, Сараево, Загреб и Љубљана.
пр објава* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.