Министерот Кучи ветува спречување на нафтена криза
Објавено во: Македонија 07 Февруари, 2017 14:28
Министерот за економија Дритон Кучи исклучи сценарио за можна нафтена криза поради блокираниот премин кај Евзони кој буквално ја запре испораката на стоки меѓу Македонија и Грција.
Министерот Кучи најави дека ќе се интензивираат состаноците за надминување на проблемот со спречениот транспорт на нафта од Грција кон Македонија поради блокадата на македонскогрчката граница кај Евзони од страна на грчките земјоделци.
„Блокадата е внатрешен проблем на Грција и се надевам дека што поскоро ќе се реши. Како надлежен орган правиме напори да им олесниме на сите што патуваат кон Грција, а не само на транспортерите“, рече Кучи на денешната пресконференција, одговарајќи на новинарско прашање.
За тврдењето на ОКТА дека е можна нафтена криза во земјава доколку наскоро не поминат цистерните со нафта од Грција во Македонија, министерот Кучи рече дека ќе спречат било каква криза.
„Секако ќе спречиме да дојде до било каква криза. Вчера од Секторт за енергетика ми укажаа дека веќе треба да се справиме со можната нафтена криза и затоа од денеска ќе ги интензивираме состаноците за надминување на проблемот“, рече Кучи, нагласувајќи дека не знае до кога ќе трае блокадата на границата и протестите на земјоделците.
„Сакам да се надмине проблемот, бидејќи ја загрозува економската ситуација во земјава. Имаме комуникација со грчките органи, но сепак станува збор за интерен проблем“, рече Кучи
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




