Министерот очекува решение за 10 дена, лекарите продолжуваат со штрајкот
Објавено во: Економија 19 Декември, 2012 15:20
Втор состанок неделава на лекарите со Министерот за здравство Никола Тодоров, за изнаоѓање начин како да се надминат проблемите во здравството и да запре штрајкот на лекарите.
Министерот Тодоров по денешната средба со претставници на синдикатите за здравство, вели дека разговорите се движат во позитивна насока и очекува во период од 10 дена до две недели да излезат со конкретно решение.„Контурите на можното решение се движат во насока на тоа на подготвување на бодовникот. Разговаравме за американскиот модел и да видиме што од него може да биде прифатено. Разговараме за еден модел на квартално плаќање на учинокот и се трудиме да овозможиме принципите на двете страни да не бидат погазени, односно да победат принципите на реформата и на барањата на штрајкувачкиот одбор и на синдикатите, рече Тодоров.
Според Претседателот на Синдикатот на клиничките центри, д-р Дејан Ставриќ се планираат интензивни преговори во текот на следните седум до 10 дена, кога може да дојде до мораториум на штрајкот ако се постигнат договори. „Оптимист сум од денешната средба и мислам дека самиот факт дека разговараме е еден чекор напред и се надеваме на договор“, рече Ставриќ кој додаде дека има уште отворени прашања за кој мора да се најде компромис.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното





