Министерот Попоски со пари на ВМРО-ДПМНЕ летал до САД
Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2016
Министерот за надворешни работи Никола Попоски, сепак при партиската посета во Њујорк, САД отпатувал со пари на ВМРО-ДПМНЕ. Ова прашање го наметна водителот Васко Попетрески при гостувањето на министерот во емисијата 360 степени на Алсат-М. Доказ за тоа бил доставен до редакцијата на телевизијата, откако Попоски вети дека ќе докаже при партиски посети не се трошат државни буџетски пари.