Министерот Трајан Димковски до земјоделците: Продавајте онлајн
Објавено во: Економија, Агробизнис 07 Април, 2020 09:15
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски им порача на земјоделците да се трудат своите производи, согласно ситуацијата, да ги продаваат онлајн. Патем, тој не пропушти да промовира една таква онлајн продавница за мед.
„Во услови на ограничен пристап до пазарите и рестрикции во движењето, се повеќе земјоделци почнуваат онлајн продажба на своите производи. Успехот на онлајн продажбата е докажан механизам за трговија, кој се користи и кај нас“, објави Димоковски.
Тој ги повикува земјоделците да се одлучат на ваков начин на тргување, особено затоа што се овозможува продажба и надвор од нашите граници, па така македонските земјоделски производи можат да станат лесно достапни на странските пазари.
„МЗШВ ги повикува сите земјоделци кои имаат пристап до интернет, да го следат овој пример, со што заеднички ќе допринесеме кон продажба и снабдување со храна во услови на пандемија со коронавирус, но и по завршувањето на оваа кризна состојба“, додава министерот.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања
Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации
Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети





