02 Декември, 2024
0.0252

Министерот за земјоделство на „Денови на жетва“ во ЗК Пелагонија

Објавено во: Агробизнис 07 Јули, 2021

Добивај вести на Viber

Под мотото „Жито за живот“, денес во најголемата житница во Македонија, ЗК Пелагонија, стартуваа деновите на жетва. Успешната сезона на овој македонски комбинат,  менаџментот заедно со вработените, но и гости од бизнис секторот, соработници и пријатели, денес ја одбележа со коктел настан. Помеѓу присутните беше и Министерот за земјоделство Арјанит Хоџа.

Извршната директорка на ЗК Пелагонија, Весна Белешовска, во својот поздравен говор, истакна дека работата во оваа стопанска гранка, секогаш е предизвик.

„Работата во областа на земјоделието, никогаш не била лесна. Напротив, секогаш била и повеќе од предизвик. Од памтивек, на нашите предци, земјата им била сѐ! А обработката на истата, барала знаење, физичка сила и добри временски услови. Денес, ЗК Пелагонија, благодарение на своите вработени стручни во областа, на најмодерната механизација, на квалитетните семиња...ја прави оваа стопанска гранка, најсилната алка во живеењето под ова македонско сонце. Благодарение на нашите насади со пченка, пченица, јачмен, сончоглед, многу индустрии го продолжуваат својот работен век“ – изјави Белешовска.


Ресорниот министер и покрај моменталната состојба на земјоделството како стопанска гранка, изјави дека вложува максимални напори да биде силен партнер на сите засегнати страни. Дополнително истакна и дека се радува на отпочнувањето на деновите на жетва, затоа што тоа значи храна за сите.


„Сакам да потенцирам дека ние како Министерство, се грижиме и го поддржуваме производството на житни култури. А јас како министер и како човек кој себеси се смета за еден од Вас, искрено се радувам секогаш кога присуствувам на настан кој симболизира успех, завршен циклус, иднина. Денеска присуствуваме на свечено започнување на жетвата на полињата на ЗК Пелагонија. За мене ова е голема чест  и искрено Ви благодарам за поканата да бидам дел од овој свечен ден“ – изјави Министерот Хоџа.


Денови на жетва – Жито за живот, е прв ваков настан којшто е во организација на ЗК Пелагонија. Во иднина и менаџментот, но и вработените, ќе се потрудат ова да биде традиција со помош на која, секоја година, богатата жетва од плодната Пелагонија, ќе се слави во присуство на пријатели и соработници. Годинава на земјата на ЗК Пелагонија, беа посеани 6000ха пченица, 1300ха јачмен, 5000ха пченка и 2500ха сончоглед. Благодарение на овие бројки, многу други индустрии продолжуваат непречено да работат. Плодната земја, стручни кадри, квалитетни семиња, модерна агромеханизација е формулата со која ЗК Пелагонија успева да обезбеди храна за цела Македонија.



* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.