Министерство за економија прави анализа за промена на временската зона. Одиме еден час понапред ?!
Објавено во: Мои пари 29 Април, 2013 08:45
Според сознанијата на Фактор, се прават анализи се прибираат мислења од повеќе сектори. Еден од клучните сектори за кои се бара посебно мислење е транспортниот сектор бидејќи според ставовите на Стопанските комори во земјава, активностите на транспортерите се одвиваат со склучување на годишни договори каде што токму времето ги дефинира обврските од договорите за навремено транспортирање на стоката во европските земји кои во најголем број се во иста часовна зона со нас. Тоа повлекува менување на документација, добивање дозволи за транспорт, времето на чекање на граничките премини и повлекување на реперкусии од можни финансиски импликации.
За подготовка на анализата неопходно е и мислење од енергетскиот сектор во однос на искористеност на енергетските ресурси и капацитети во домаќинствата и во индустријата, за да се види какви енергетските ефекти може да се очекуваат од таквиот потег.
Но, од консултациите не се изоставени ниту банкарскиот сектор, фондовите и ИТ секторот.
Сметањето на времето е регулирано со закон
Сметањето на времето е регулирано со закон, што е донесен во 1996 година.
Во првиот член на законот се вели дека Македонија се сместува во средноевропската временска зона.
Тоа значи и дека доколку се прави промена на временската зона тоа би било политичка работа, односно Владата, ќе треба да предложи измени на постоечкиот закон, а Собранието ќе треба да ги изгласа.
Во која временска зона е Република Македонија
Македонија е во часовната зона UTC+1, односно во средно европско време. Во однос на летното сметање на времето земјава го следи примерот на ЕУ, па така во летниот период времето во Македонија е UTC+2.
Според географската поставеност на Македонија, теоретската поделба на часовните зони (15 степени ширина и почеток на Greenish меридијанот), најголем дел од територијата се наоѓа во средно-европската часовна зона. Единствено делот на Малешевијата и Струмичкото поле се наоѓа источно од 22,5 степени источна географска должина, односно во источно-европската зона.
„Од вкупно 27 земји членки на ЕУ, 11 земји не го практикуваат средно европското време. Од тие 11 земји, 8 земји го практикуваат источно европското време. Во источно европското време е Република Турција, а иницијатива за времето постои и во Република Србија.“
Голем број на држави не го сметаат времето според географската позиција. Гледано по континенти, такви држави се: Европа (Франција, Шпанија, Португалија, Белгија, Холандија, Луксембург); Северна и Јужна Америка (Аргентина, Уругвај, Чиле, Мексико, Алјаска).
Самоа ја смени временската зона во 2011 година
Последен пример на промена на временската зона го направи државата Самоа, која се наоѓа во Тихи Океан. Властите во оваа држава непосредно пред дочекот на 2011 година решија да преминат од четврток во сабота. Па така наместо држава каде што датумите завршуваа, стана местото од каде што датумите почнуваат. Причината за промената на временската зона, властите на Самоа ја објаснуваа со економска аргументи – односно поради комуникацијата со главните трговски партнери Австралија и Нов Зеланд, зад кои порано доцнеше повеќе од 20 часа, а сега е 3 часа пред нив.
Ј.Ј.
Можеби ќе ве интересира
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка
ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА
КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“
Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници




