Министерство за финансии: Се задолжуваме за да се оддолжиме
Објавено во: Финансии 20 Јуни, 2017 18:47
Министерството за финансии сака да појасни дека новото задолжување на домашниот пазар е со цел да се вратат веќе достасани долгови на државата и со тоа ги негираат обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Во насока на точно информирање на јавноста во врска со аукциите на државни хартии од вредност кои ги спроведува Министерството за финансии би сакале да посочиме – државните хартии од вредност издадени со последните две аукции се стриктно за покривање на стари долгови:
- На 07.06 по основ на стари долгови од издадени државни хартии од вредност доспеваа за враќање 499.990.000 денари. На 06.06 беше одржана аукција на државни хартии од вредност на која беа издадени хартии од вредност во ист износ колку што беше потребен за да се покријат старите долгови. Добро е да се спомене дека побарувачката на таа аукција беше четири пати поголема од запишаниот износ, или 2,1 милијарди денари.
- Утре, на 21.06 доспеваат за враќање 343.540.000 денари стари долгови – по основ на веќе издадени државни хартии од вредност. На денешната аукција беше запишан скоро ист износ – 345 милиони денари, иако побарувачката беше над 507 милиони денари.
Ќе посочиме дека Министерството за финансии нема направено нови долгови по основ на државни хартии од вредност како што беше посочено од страна на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција, и покрај огромниот интерес за државните записи од страна на инвеститорите. Аукциите се јавни, а Министерството за финансии е транспарентно и отчетно и секој кој сака може да ги провери овие суми.
Во насока на точно и правилно информирање на јавноста известуваме и дека издавањето на државни хартии од вредност е предвидено со Буџетот за 2017 година, каде стои дека буџетскиот дефицит ќе се финансира и преку домашни извори, соопшти МФ.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





