18 Јануари, 2025
0.0298

Министерство за одбрана: Ајтов изнесува невистини, ја разгледуваме можноста за зголемување на платите

Објавено во: Македонија 18 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Од Министерството за одбрана реагираат за интервјуто на Ристо Ајтов за фактор објавено денеска во кое тој зборува за состојбите во Армијата и велат дека се работи за невистини.

Од институцијата објаснуваат дека и покрај тоа што на сите инсинуации одговарале со факти, Ајтов упорно изнесува негови гледишта кои ја извртуваат вистината. Тие детално одговараат на она што го изнесе Ајтов.

Во однос на платата, вистината е дека основната, почетна плата на новопримен професионален војник е околу 19.000 денари. Без додатоци, без искуство. Просечната плата во Армијата изнесува околу 36.500 денари. Тоа е факт!Во однос на превозот, Министерството веќе многу пати го истакна следното: Првиот тендер за превозот заврши во јули 2016 година и за 25 линии беа потпишани договори со превозниците. На барање на Генералштабот на АРМ, за одреден број линии тендерската процедура е поништена. На нивно барање, МО не влезе во преговори за времено продолжување на договорите за превоз за линиите за кои не беше склучен договор, до завршување на новата постапка. Веднаш е започната нова постапка за втор тендер. На 10 и 12 октомври се изврши електронска аукција на 28 линии. За нив во тек е жалбениот рок и очекуваме Договорите да се потпишат идната недела.Министерството со доделениот буџет функционира без никаков застој. И Ајтов знае дека припадниците на Армијата редовно продолжуваат со реализација на планираните обуки и вежби. Токму пред една недела заврши „Македонски блесок 12“, каде добивме највисоки оценки на НАТО-оценувањето. Борбената готовност е на највисоко ниво и нема потреба Ајтов да се грижи за квалитетот на обуката и нивото на борбена готовност. Сите средства на Министерството и Армијата се трошени и се трошат домаќински и затоа успеваме да ги подмириме сите побарувања“ – се наведува во реакцијата од Министерството за одбрана.

За проектот „АРМ мој вистински дом“ велат дека се зачудени што Ајтов воопшто не се информира за темата за која изнесува свој став, кој, пак, не се темели на ниту еден факт. Како може да има бесправно градење за објект кој има Дозвола за градба, за која информиравме многу пати досега, прашуваат од Министерството за одбрана.

Уште кон крајот на минатата, 2015 година, општина Карпош има издадено Одобрение за градба, кое е правосилно.Министерството за одбрана има веќе уплатено 10 од предвидените 24 рати за комуналии кон оваа општина и кон Градот Скопје. Потпишан е Договор за долготраен закуп на земјиште, на 99 години. На 07 Септември оваа година, по законското завршување на тендерската постапка за избор на изведувач, потпишан е договор со фирмата за која беше утврдено дека ги исполнува сите барани услови и на електронското наддавање понуди најдобра цена; Самата постапка вклучува собирање на понуди од компаниите (се пријавија 6 компании), беше извршена евалуација на документите, беше закажано јавното електронско наддавање, избрана беше најповолната понуда и истече рокот за жалби (во кој ниту една од останатите 5 компании не достави жалба). Согласно законските процедури избрана е и банка која ќе биде партнер во проектот“ – се додава во реакцијата.

Појаснуваат дека секој припадник на АРМ ќе има можност да купи стан во лична сопственост за месечна рата од 4.500 денари за еднособен до околу 11.000 денари за најголемиот, четворособен стан.Учеството за станот во лична сопственост на барање на припадниците на АРМ е намалено од 30% на 20%. Министерството за одбрана го обезбеди земјиштето, го плати проектот, и ќе ја плаќа каматата на кредитите на припадниците на Армијата кои главницата ќе можат да ја отплаќаат на 240 еднакви рати, односно 20 години.

Информираат дека ја разгледуваат можноста за зголемување на платите. Но, тоа е процес за кој е потребно време, додаваат надлежните.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Трагедија ја потресе Македонија, бебиња близнаци починаа поради премрзнување

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

САРАЕВО ВО 10-ТЕ НАЈЗАГАДЕНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: На која позиција е Скопје вечерва?

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

РОКАС: Северна Македонија треба да го искористи моментумот на посветеност на проширувањето на EУ

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МАКЕДОНСКА ЗЕЛКА Е УНИШТЕНА ВО ХРВАТСКА: Откриен е опасен пестицид

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МУЦУНСКИ МУ ЧЕСТИТАШЕ НА БУГАРСКИОТ КОЛЕГА: Mожно ли е затоплување на односите?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

МОМЧЕТО КОЕ ДОЖИВЕА СТРУЕН УДАР Е ВО БОЛНИЦА: Каква е неговата состојба?

(ФОТО) МИЦКОСКИ: Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри

(ФОТО) МИЦКОСКИ: Пуштена е во употреба железничката пруга Куманово-Бељаковце, во должина од над 30 километри

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

СРБИЈА: Полицијата го фатила 37-годишниот возач oд Македонија додека се движел со брзина повеќе од 100 километри над дозволеното

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година

„НЕРАЗУМНОТО РАСФРЛАЊЕ НАРОДНИ ПАРИ ЗА ПАТНИ ТРОШОЦИ ПРОДОЛЖУВА“: Левица со остра реакција, еве колку пари се трошат секоја година