МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА НА КОСОВО: Дезинформација е дека американските војници ќе се повлечат од КФОР
Објавено во: Балкан 25 Февруари, 2025 21:17
Министерство за одбрана на Косово денеска ги демантираше медиумските извештаи дека е планирано повлекување на американската армија од земјата.
„Оваа вест, која ја делат некои веб-страници и телевизиски канали е дезинформација која ја шират надворешни актери со цел да се дестабилизира земјата и Западен Балкан“, пишува во соопштението од косовското МО.
Во соопштението се истакнува дека повлекувањето на американските трупи од НАТО силите во Косово (КФОР) „не доаѓа предвид“, бидејќи таквите одлуки за распоредување или повлекување не се носат случајно.
Косовското Министерство за одбрана информира дека е во постојана координација со САД за секоја одлука и во редовна неделна комуникација со КФОР, потенцирајќи оти тврдењата на медиумите се неосновани. Во КФОР има над 600 американски војници. Западните земји стравуваат дека евентуалниот договор помеѓу Вашингтон и Москва за Украина и промената на приоритети на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп може да доведе до завршување на присуството на американски војници во делови од Европа.
foto freepik.com/Allexxandar
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Лудиот план на Кина на Балканот: Пробивање канал низ Србија и Македонија
Планирате да одите во Грција, но се мислите поради блокадите: Еве како да стигнете до таму без пречки!
(ВИДЕО) КАКО ИЗГЛЕДААТ БЛОКАДИТЕ НА ГРЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ: Денеска Солун остана и без такси
Шекеринска: НАТО внимателно го следи руското хибридно мешање на Балканот
Хорор во Чачак: Ги исекол грлата на родителита, па се избодел и си ги пресекол вените
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија





