18 Декември, 2025
0.0528

СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА СЕ ПРОШИРУВА, ЌЕ ИМАМЕ И МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕНЕРГЕТИКА: еве ги новите министерства според Законот за реорганизација

Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2024 18:44

Добивај вести на Viber

Законот за организација на работата на органите на државната управа кој го најавуваше лидерот на победничката ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, откако го достави во Собранието, се најде и на веб страната на оваа институција. 

Тој како актуелен пратеник, ги поднесе измените на Законот за организација на работата на органите на државната управа за да може да се изгласа новата реорганизирана влада и да се изберат нејзините членови. 

Како што беше најавено ќе се формираат нови министерства, и се прошируваат некои од нив. 

Еве го спискот на Министерствата кои ги планираат согласно законот: 

1. Министерство за одбрана; 

2. Министерство за внатрешни работи; 

3. Министерство за правда; 

4. Министерство за односи меѓу заедниците; 

5. Министерство за надворешни работи и надворешна трговија; 

6. Министерство за европски прашања; 

7. Министерство за финансии; 

8. Министерство за економија и труд; 

9. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини; 

10. Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство; 

11. Министерство за здравство; 

12. Министерство за образование и наука; 

13. Министерство за социјална политика, демографија и млади; 

14. Министерство за локална самоуправа; 

15. Министерство за култура и туризам; 

16. Министерство за дигитална трансформација; 

17. Министерство за јавна администрација; 

18. Министерство за транспорт;

19. Министерство за животна средина и просторно планирање 

20. Министерство за спорт.

Како што најави лидерот на ВМРО, во законот е нагласено дека целта на законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа е поефикасно остварување на правата, должностите и интересите на граѓаните и правните лица.

Со законот за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа, се врши реорганизацијата на министерствата и другите органи на државната управа со цел прилагодување на нивната работа на современите потреби на функционирањето на органите на државната управа, особено во смисла на поставување на поголем фокус на работите во областите на енергетиката, минералните суровини, рударството, како и на спортот. Во смисла на надлежностите, министерствата добиваат појасни надлежности, се разграничуваат испреплетените надлежности помеѓу постојните министерства и се овозможува простор да рамковното регулирање на органите на државната управа биде точно утврдено со материјални закони - се наведува во законот доставен во Собранието. 

Мицкоски денеска посочи дека ќе се носи по скратена постапка и очекува да биде изгласан уште во понеделник или вторник.

За истиот ќе биде потребно двотретинско мнозинство, но лидерот на победничката партија на минатомесечните парламентарни избори не кажа детали од каде „условно кажано“ ќе најде поддршка од уште неколку пратеници.

Седницата за измените на Законот, според собраниски извори, треба да се одржи во петок на 7 јуни, а потоа работата да се пресели во собраниските комисии. Мицкоски ги повика сите 120 пратеници да ги изгласаат измените.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија