17 Декември, 2025
0.0692

Министерството за економија ги потпомага студентите – за најдобриот бизнис план 5.000 евра

Објавено во: Економија 07 Август, 2013 18:43

Добивај вести на Viber

Министерството распиша конкурс со кој ќе ги мотивира студентите да станат иновативни и ќе ги награди најдобрите три бизнис плана.

Лично министерот Сарачини, заедно со комисија формирана од економија ќе цени  кои од бизнис плановите се профитабилни.

„Ова е прв пат Министерството за економија да ги потпомага претприемачите и тројца најдобри ќе добијат меѓу 2.000 и 5.000 евра за да стартуваат компанија“, вели министерот за економија Ваљон Сараќини.

Јавниот повик трае од 17 јуни до 15-ти август, а до сега се пријавени 106 апликации. Најголемиот број на апликации се од ИТ индустријата и се фокусираат на креирање на мобилни и веб апликации, како и видео игри. Министерството најави дека ќе ги претстави плановите пред бизнис заедницата на Македонија.

Според Сараќини, министерството ќе цели овој настан да се организира секоја година за да се мотивираат младите претприемачи на возраст од 18 до 30 години.

„Познавајќи го и бизнисот и образованието, сметам дека многу е важно секој студент и млад потенцијален претприемач да знае да ја преточи својата идеја во бизнис план – така подобро ќе се запознае со пазарот, ќе ја унапреди самата идеја, ќе навлезе во финансиските пресметки и подобро ќе ги осознае шансите за успех, како и алтернативите и однапред смислените сценарија, во случај ако не тргне работата според првичната замисла.”, вели министерот.

10-те најдобри бизнис планови ќе бидат презентирани и пред бизнис заедницата. Конкурсот ќе трае до следниот четврток.

 

Можеби ќе ве интересира

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Кончар потпиша договор со позната американска компанија

Откриено што ја чека германската економија

Откриено што ја чека германската економија

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Најскапиот град во светот за излегување е во Азија

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас

Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас