Министерството за финансии ќе ја намали фреквенцијата на оддржување на аукции на државни хартии од вредност на два пати месечно
Објавено во: Финансии 28 Јуни, 2017 13:11
Од моментот на стапување на должност на новата Влада, Министерството за финансии не креираше ново задолжување, туку само ги презапишуваше државните хартии од вредност кои во тој момент достасуваа, соопштуваат од кабинетот на министерот за финансии Драган Тевдовски.
Оттаму посочуваат дека во буџетот за 2017 година е предвидено финансирање на буџетскиот дефицит од домашниот пазар и од странско задолжување.
Министерството за финансии смета дека во моментов финансирањето на буџетскиот дефицит на домашниот пазар на државни хартии од вредности има повеќе предности:
1. Пониски каматни стапки на инструментите кои се нудат на домашен пазар. Каматните стапки се движат во распон од 1,45% кај 6месечните ДЗ до 3,8% кај 15 годишната ДО. За разлика од домашниот пазар, на меѓународниот пазар на капитал, последната еврообврзница која се издаде минатата година имаше каматна стапка од 5,625% за рочност од 7 години.
2. Искористување на големата ликвидност која е присутна во банкарскиот систем, како специфична карактеристика на македонскиот банкарски систем.
3. Можност за задолжување со инструменти со подолги рочности. На домашниот пазар постои можност од задолжувања со државни обврзници со рок на достасување од 10 и 15 и повеќе години, додека на меѓународниот пазар рочностите се покуси (максимум 10 години, но најчесто 5 и 7 години).
Затоа, за да се реализираат постојните расходи во Буџетот за 2017 година, Министерството за финансии, како што информираат ќе започне на домашниот пазар да повлекува поголеми износи од оние кои достасуваат, односно ќе се зголеми нето повлекувањето на државни хартии од вредност.
„Истовремено, Министерството за финансии ќе ја намали фреквенцијата на оддржување на аукции на државни хартии од вредност, на два пати месечно. Ова го правиме со намера да се поттикне секундарното тргување со државните хартии од вредност, каде ќе се јават инвеститори кои имаат потреба од ликвидни средства на покуси рочности од оние кои се нудат на редовните аукции на државата“, соопштуваат од МФ.
Задолжувањето на домашниот пазар на државни хартии од вредност ќе продолжи и на среден рок, но комбинирано со странско задолжување, велат уште од Министерството со објаснување дека ќе продолжат перманентно да ја следат состојбата на меѓународниот пазар на капитал, каде инвеститорите позитивно ја перципираат стабилизацијата на политичката состојба во Македонија и перспективите за македонската економија.
Показател за тоа, велат е намалувањето на стапката на принос на македонските еврообврзници кои се тргуваат на меѓународните финансиски пазари.
Од средината на мај, приносите на сите три еврообврзници бележат постојано намалување, што значи дека Македонија би добила пониска каматната стапка од досега при издавање на нова еврообврзница. Затоа не се исклучува можноста за евентуална емисија на еврообврзница за отплата на долг кој доспева во 2018 година.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“
„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!
ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено
„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори
РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција
Фриленсери, издавачи на станови преку платформи, добивка од криптовалути - секој прилив од странство мора да се пријави
АКО СИТЕ ДЕНЕС НАПРАВАТ ПРЕКРШОК ОД 45 ЕВРА, ЗА 65 ИЛЈАДИ ВОЗИЛА, МВР ЌЕ ИНКАСИРА БЛИЗУ 3 МИЛИОНИ ЕВРА: Еве што вели пресметката





