МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ЌЕ ПОЧНЕ ПРЕГОВОРИ ЗА НАБАВКА НА МОЛНУПИРАВИР: Тоа е единствен лек против ковид
Објавено во: Македонија 21 Октомври, 2021 13:33
Министерството за здравство ја информира јавноста дека ќе го
набави лекот Молнупиравир, единствен лек против Ковид 19. Велат дека министерството проактивно стапи
во контакт со производителот на лекот, компанијата МСД, и за кратко време ќе
започнат преговорите за негова набавка.
Посочуваат дека лекот Молнупиравир е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на Ковид 19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50%.
Министерството за здравство укажува дека лекот и вакцината против Ковид 19 не може да се споредуваат.
-Вакцините против корона вирусот спречуваат тешка форма на болеста, компликации при хоспитализација или смртен исход. Вирусот Ковид 19 брзо мутира и најголема ефикасност даваат вакцините, а целта е постигање на колективен имунитет, како би се заштитиле од новите соеви на SarsCoV2, соопштија од Министерството за здравство.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




