„МИРИСА ОКОЛУ ОХИС, СЕ СТРАВУВА ДЕКА Е ОД ЛИНДАНОТ“: Трајковски бара итни мерки за граѓаните
Објавено во: Македонија 26 Септември, 2025 18:12
Кандидатот за градоначалник на Кисела Вода од редовите на СДСМ, Горан Трајковски вели дека ако биде избран, ќе преземе се што е во негова надлежност и моќ за заштита на здравјето на граѓаните поради воздухот.
„Но засега, можам само уште еднаш да апелирам до надлежните институции: Изминатите неколку дена се шири многу непријатен мирис на радиус од 2-3 километри од ОХИС. Мирисот е толку интензивен, особено во вечерните часови, што околното население од Пинтија, Усје и Градинар информираат дека наликува како да живеат во самиот круг на фабриката, и стравуваат дека потенцијален причинител на ова е токсичниот линдан, складиран во фабриката“, напиша Трајковски на Фејсбук.
Тој вели дека ова е прашање кое бара итна, а не одложена реакција.
„Уште еднаш апелирам до институциите:
* да се спроведе итна инспекција и соодветни мерења на загаденоста на терен
* Јавно да се информира за изворот на мирисот и да се каже јасно, дали е поврзан со линданот во Охис!
* Доколку мерењата покажат загадување и токсичност на воздухот, особено ако причинител е линданот, да се превземат привремени мерки за заштита на локалното население, до решавање на проблемот и додека не стане безбедно за нив.
Здравјето на нашите сограѓани е во прашање - неопходно е веднаш да се реагира“, реагира Трајковски.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




