26 Април, 2024
0.0337

Мирните ученици трпат тортура на школо, надлежните со прст не мрдаат

Објавено во: Македонија 12 Декември, 2019

Добивај вести на Viber

Бројни се примерите каде ученици се малтретирани психички и физички од своите соученици, и во средните и во основните училишта во државата, а надлежните по ова прашање се пасивни.

Најсвежи се примерите со видеата објавени на социјалните мрежи на кои се гледа како ученици кршат инвентар, а во основното училиште „Кочо Рацин“ во Скопје ученик давел друг ученик по што тој завршил во болница, но имало и случај на сексуално злоставување, кое се случило во парк близу школото.

„Во мојот клас неколку ученици нападнаа дете кое има здравствени проблеми, при што му ги искршија очилата. Тоа не е во ред, и веднаш отидов да ги информирам стручните служби во училиштето за овој настан, но никој не реагираше. Потоа моите соученици ми рекоа дека џабе сум го пријавила случајот, веќе било пријавувано за истото три или четири пати, но никој ништо не направил“, раскажува 16 годишна девојка која учи во средно стручно училиште во Куманово.

Родителите се згрозени од овие немили настани, и се прашуваат зошто се толерира насилно однесување на учениците, и зошто истите никој не ги исклучува од училиштето. Според нив, виновни се родителите кои не ги воспитуваат децата, наставниците кои не си ја вршат работата онака како што треба, но и целиот систем на неказнивост.

„Имаше тепачки во училиште, но не беше нешто драстично да ми дојде детето со крвава глава. Ако се случи нешто како наведените инциденти, нема да ми биде убаво,  и ќе морам да реагирам.  Сите ние ги праќаме децата во училиште, а ете што може да се случи. Виновни се родителите, не им обрнуваат внимание на децата, и потоа се агресивни, а на секое дете му треба комуникација“, вели Анета Максимовска, родител.

Од Министерството за образовение велат дека надлежни за изрекувањето педагошки мерки кон ученици кои се однесуваат спротивно на Кодексот на однесување во училиштето и спротивно на одредбите дефинирани во законите кои ја регулираат областа на основното и средното образование, како и за работа со таквите ученици се менаџментите и стручните служби во училиштата. Секако, додаваат дека во одредени ситуации како посочените се вклучуваат и други одговорни институции, односно истражни и органи на прогонот.

„Неодамна е усвоен нов Закон за основно образование кој е повеќе посветен на оваа тематика и го дефинира следното:Во член 5 е уредено дека вработените во основните училишта се должни да промовираат еднаквост меѓу сите ученици и активно да се спротивставуваат на сите облици на дискриминација и насилство.Училиштата се должни во годишните програми за работа да планираат и програми за промоција на добросостојба на учениците, заштита од насилство, од злоупотреба и запуштање, спречување дискриминација. Активностите ќе се остваруваат низ различни наставни и воннаставни активности со учениците, вработените, родителите, односно старателите на децата во соработка со општините, согласно утврдените потреби од страна на училишниот одбор, советот на општината или Педагошката служба. Понатаму, во член 65-а е утврдено дека директорот на училиштето е должен да го пријави секој облик на насилство, злоупотреба или занемарување сторено врз ученик од страна на друг ученик, родител односно старател, наставник, стручен соработник или кое било друго лице кое е вработено во училиштето, до надлежните институции утврдени со закон. Постапката за пријавување и заштита на ученик-жртва на било која од формите на насилство, злоупотреба и занемарување се утврдуваат со подзаконски акт предложен од БРО, а донесен од министер. Исто така предвидени се и програми за советување на родителите, меѓудругото и доколку  учениците учествуваат во разни форми на насилство, со цел истото да биде елиминирано“, велат од МОН. 

Но, граѓаните се согласни дека дисицплината и редот во училиштата ширум државата се сериозни нарушени. За ова сведочат и инцидентите кои претходно се случија во Неготино, каде девојчиња тепаа соученичка и тепањето го снимаа со мобилни телефони, додека пак во Куманово имаше случај каде средношколци снимале порно клипови во образовна установа.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

БУГАРСКИ ДНЕВНИК: Странска интервенција од неочекуван правец ги смени македонските избори

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ЛЕВИЦА: Ќе изградиме споменик за бранителите од Вејце

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ДЕМИРИ: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурaна, менаџментот треба да преземе одговорност

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

ВТОР КРУГ: Се спрема ли бојкот?

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

Ковачевски: По изборите ќе има партиски избори во СДСМ

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

„НЕ НИ ЛИЧИ НА НАМ ОД СДСМ ДА ЗАСТАНЕМЕ И ДА НЕ СЕ БОРИМЕ“: Спасовски преку фејсбук мобилизира, „Не смееме да се откажеме од иднината“

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Анкетата на МКД.мк и Маркет најпрецизна за првиот круг претседателски избори

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

Таравари по телефонскиот повик од Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ разбира колку „тежиме“

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката

ПОПЛАВА ВО ТОКСИКОЛОГИЈА: Пукнала цевка за парно, поплавени биле повеќе делови на клиниката