04 Декември, 2024
0.0308

Мисајловски верува дека Мицкоски бил следен од дронови

Објавено во: Македонија 07 Ноември, 2024

Добивај вести на Viber

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 рече дека институциите сериозно треба да ги испитаат индициите за следење на премиерот Христијан Мицкоски.

Премиерот глемо внимание привлече на себе кога на сесијата за пратенички прашања во Собранието рече дека бил мета на следење од страна на службите кои треба да разузнаваат и контраразузнаваат.

- Ја имавме првата конститутивна седница на Советот за безбедност, каде што можевме да ги слушнеме моменталните состојби во Македонија и пошироко, имаа излагања и АНБ, и Генералштабот. Можам да кажам дека безбедносната ситуација во Македонија е стабилна, но многу треба да водиме сметка за многу повратници од жаришта, и за протекување многу доверливи информации меѓу службите. Особено онаа информација која протече дека премиерот го следеле додека бил претседател на опозицијата, но и многу лица од опозицијата, и тоа мора да се истражи, рече Мисајловски.

Претходно, Мицкоски на собраниската говорница рече дека скандалот ќе биде обелоденет во зависност од степенот на класифицираниот материјал.

„Тука еве е поранешниот министер за внатрешни работи , до него често допираше гласот, но за жал немаше резултати кога стануваше збор за опозицијата. Но затоа се дигаа дронови над мојата куќа, дронови над мојата куќа во Прилеп, кога одам на терен се креваат дронови и тоа е се замислете во белешките на службите кои што треба да разузнаваат или контраразузнаваат . Го разузнавале претседателот на опозицијата. Нормално е тоа?  И сега се уплашени. Јавноста ќе дознае, но јас нема да правам естрада  и театар. На затворена владина седница сето тоа ќе биде презентирано , ќе ги согледаме сите законски можности да сето тоа се декласифицира. Нема спас, не им бега одговорност“, порача Мицкоски.



* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции за предлогот на Фискалниот совет за зголемувањето на старосната граница за пензионирање на 67 години

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Бурни реакции за предлогот на Фискалниот совет за зголемувањето на старосната граница за пензионирање на 67 години

МИЦКОСКИ ОД БРИСЕЛ: Ултиматуми не прифаќаме

МИЦКОСКИ ОД БРИСЕЛ: Ултиматуми не прифаќаме

ДОБИ ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Скопјанец се обидел да запали албанско знаме

ДОБИ ПРИТВОР ОД ОСУМ ДЕНА: Скопјанец се обидел да запали албанско знаме

„КОНТРАПРОДУКТИВНО И ЗА РАБОТНИЦИТЕ И ЗА ФИРМИТЕ“: Јовановиќ за границата за пензионирање - „ќе се намали продуктивноста“

„КОНТРАПРОДУКТИВНО И ЗА РАБОТНИЦИТЕ И ЗА ФИРМИТЕ“: Јовановиќ за границата за пензионирање - „ќе се намали продуктивноста“

ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ ПОДНЕСЕ ЧЕТИРИ ИНТЕРПЕЛАЦИИ: Незадоволни се од работата на Тошковски, Стоилковиќ, Меџити и Исени

ЕВРОПСКИОТ ФРОНТ ПОДНЕСЕ ЧЕТИРИ ИНТЕРПЕЛАЦИИ: Незадоволни се од работата на Тошковски, Стоилковиќ, Меџити и Исени

ТРАГЕДИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА - младо момче од Куманово почина по пад од зграда при изведување градежни работи

ТРАГЕДИЈА ВО ГЕВГЕЛИЈА - младо момче од Куманово почина по пад од зграда при изведување градежни работи

БОЈКОТ ВО „11 ОКТОМВРИ“: Родителите не ги пуштија децата на настава поради префрлање на насилно дете од друго школо

БОЈКОТ ВО „11 ОКТОМВРИ“: Родителите не ги пуштија децата на настава поради префрлање на насилно дете од друго школо

ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОЕФИКАСНО ГОНЕЊЕ КОРПУЦИЈА - еве какви насоки дал државниот обвинител по критиките

ИНСТРУКЦИИ ЗА ПОЕФИКАСНО ГОНЕЊЕ КОРПУЦИЈА - еве какви насоки дал државниот обвинител по критиките

ОЈО: Предложен притвор за лице кое се обидело да запали албанско знаме

ОЈО: Предложен притвор за лице кое се обидело да запали албанско знаме