„МИСЛАМ ДЕКА ИМАМЕ НЕКОЈ ТРАГ“: сведочи тетката на Вања, имало сомнеж дека ја киднапирал педофил
Објавено во: Македонија 13 Ноември, 2024 12:21
Таткото на 14-годишната Вања Ѓорчевска, од првите денови на исчезнувањето во станот каде девојчето живеело со мајката постојано носел снимки кои ги прегледувале во потрага по својата ќерка.
Ова денеска го кажа сведокот Маја Спировска, која сведочеше во Кривичниот суд денеска каде продолжи судскиот процес за убиствата на малата Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес, кои се случија минатата година во ноември.
Маја Спировска е прва братучетка на Зорица Ѓорчевска, мајката на Вања. Спировска посочи во сведочењето дека во деновите додека траела потрагата по Вања скоро цело време била во станот на Зорица, а со сведочењето посочи на потрагата по Вања.
Таа раскажуваше како дознала за исчезнувањето на Вања и како гледале снимки од камери кои ги носел таткото на Вања, Александар.
- Зорица ми се јави во 11 часот и ми кажа дека Вања ја нема. Дента не отидов кај нив, знаев дека имаа инспектори дома, внук ми беше кај Зорица и така добивав информации. Јас барав Вања низ Дебар Маало. Од вторникот до неделата секој ден бев присутна кај нив. Имаше колешки на Зорица, внукот, Сашко (таткото на Вања, Александар), сите бевме во паника.
Сашко гледаше снимки. Во вторникот сите заедно гледавме една снимка и констатиравме дека детето е земено од внатре. Не знам кој му ги даваше снимките, првин беше сам, а потоа дојде Гоце, кого јас не го познавав. Тие беа заедно, излегуваа заедно, наоѓаа снимки, гледаа. Во еден момент, не знам дали беше среда или четврток, Гоце дојде во дневната и ми кажа „Мислам дека имаме некој траг, го видовме ‘цитроенот’ што се бара по интернет“, и ми покажа слика од бараниот „цитроен“.
Почна да претпоставува да не ја грабнал некој, да не е педофил. Јас му дадов знак да молчи, оти и помалата ќерка на Зорица беше во собата. Не знам дали полицијата во тој момент беше известена за снимката. Тој не беше сигурен дека тоа е тоа, рече само дека е можно ова возило да ја грабнало – рече Спироска.
Таа додаде дека не им било логично некој да организира киднапирање на Вања.
- Зошто би го направил тоа? Јас не се гледав тие денови многу со Сашко, повеќе бев со Зорица и со другата ќерка. Тој на Зорица ѝ велеше „Не се секирај, ќе ја најдеме“. Едно време ми велеше дека треба да му пратам порака на Илон Маск за да ја бара по сателит, тоа ми беше чудно, не знам како би контактирала со Илон Маск – рече Спироска.
Таа исто така сподели дека еден човек бил забележан како набљудува зградата со мобилен телефон, по што пристигнала кола со БМВ која го однела истиот човек.
- Првиот ден видовме една снимка во која некој стоеше кај МЦМ и гледаше наоколу, дојде црно БМВ и го зеде. Тогаш не ни беше јасно, ниту пак се сомневавме дека станува збор за организирано грабнување - додаде Спироска.
Таа сведочеше дека не ја видела пораката до родителите што наводно по грешка била испратена во вибер група, па избришана. Родител од класот ѝ кажал дека наводно во неа пишувало „Вратете го детето, ќе ви дадам пари“.
- Јас не сум во групата, не сум родител во класот. Во неделата братучетка ми беше повикана во полиција. Ја чекав два часа пред полициската станица „Пролет“. Сашко во еден момент ми се јави, го прашав „Нели си со Зорица?“, ми рече „Ме разделија“. Праша да не ѝ се слошило на Зорица – сведочеше Спироска.
Таа додаде дека Сашко порано работел во Фершпед, дека станот во кој живееле во Дебар Маало бил на Вања, дека не знае детали за сопственоста, дека не се познава со првообвинетиот Љупчо Палевски и дека не знае дали Зорица и Сашко се познавале со него.
Спироска рече дека сега дознала дека тетин ѝ купил стан од Палевски и дека тој бил темелен човек и не верува дека би го купил станот ако имало каков било проблем.
Адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ ја праша дали ја видела пораката на вибер, на што Маја Спироска одговори: „Не, само ми кажаа. Ми рекоа дека била избришана пораката. Еден од родителите од класот ми кажаа за пораката“.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„НЕМА ДА СЕ ГРАДАТ ОГРАДЕНИ КАМПОВИ, ТУКУ СТАНОВИ ЗА ОДБИЕНИТЕ АЗИЛАНТИ“: Професорот Трајковски со реакција за мигрантите
Левица: Томовски дели тендери на негови блиски фирми, ќе објавиме фотографии
Томовски најави тужба за СДСМ: „Јака работа направиле, го нашле мојот број“
Пред Поликлиниката Ченто најден починат 44 годишен скопјанец
Ваботен во затворот Скопје фатил двајца затвореници со кокаин
Арсовски до Кузеска: Подготвувам повеќе тужби, се надевам дека се поготвени да докажат на Суд
Им дала пари и накит за да и „тргнат магија“: Две жени измамиле жителка на кочанско село
Жени од цела Македонија овде бараат лек за рожба: „Каменот на плодноста“ сместен во златната котлина крие исцелителна тајна
„КОЈ ЌЕ СЕ ИЗВИНУВА СЕГА?“: СДСМ обајви телефонски број од фирмата „Сити Аутсорсинг“ за кој тврди дека е на Томовски





