МИСЛЕЛ ДЕКА СЕ РАБОТИ ЗА ЗЕМЈОТРЕС: Таксист раскажа каква страотна глетка видел во Нови Сад
Објавено во: Балкан 05 Ноември, 2024 15:15
Таксист кој помагал на повредените во несреќата која се случи во петокот во Нови Сад каде се урна натстрешница на Железничка станица, го раскажа своето потресно искуство.
„Истрчав по детонацијата од другата страна на станицата да им помогнам на повредените. Гледам момче одзади, на почетокот ми изгледа добро. Му приоѓам, тој е во седечка положба. Блед како крпа, му недостасуваат двете нозе, нема крв“, раскажа таксист.
Повеќе од 80 спасувачи учествувале во расчистувањето на урнатините, под кои трагично загинаа 14 лица. „Бев на станицата кога се случи трагедијата. Јас сум тука секој ден и многу луѓе циркулираат. Тој ден, петок, бев пред автомобилот и во еден момент слушнав силен потрес“, вели таксистот. Не бил сигурен дали се работи за земјотрес. „Бев во облак од прашина. Инстинктивно почнав да трчам кон станицата. Ја оставив и вратата од автомобилот отворена, тогаш не ни помислив на тоа. Погледнав кон станицата и видов дека е затрупана. Почнав да трчам кон задниот влез на станицата за да се обидам да им помогнам на повредените. Кога влегов во зградата на станицата, почнав да налетувам на луѓе, сите трчаа некаде. Како да не знаат по кој пат да одат и каде одат. На самиот излез од станицата, буквално на вратата, го видов момчето одзади. Трчам до него и се надевам дека е добро, се молам во себе. Го стигнувам, се вртам и гледам. Бледо е како крпа, како бела хартија, не реагира. Мислам, можеби тој не реагира затоа што е во шок од падот. И тогаш гледам надолу, гледам дека нема нозе. Нема крв, ни капка. Почнав да трчам. И не знам каде, го изгубив умот. Сакав да му помогнам, но тој не реагира, седи во седечка положба и се замрзнав“, додава таксистот. Му требале неколку минути да се смири и да се опорави од шокот. Вели дека од петокот не може да спие од она што го видел на местото на настанот.
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, по повод трагедијата на 1 ноември во изминатите три дена сослуша вкупно 48 лица, а наложено е денеска да се испитаат уште пет лица. Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура во Србија, Горан Весиќ си поднесе оставка. Граѓаните протестираа со барање да има одговорност за случајот.
Можеби ќе ве интересира
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени




