Мислите дека е лесно да си богат?
Објавено во: Свет 08 Јуни, 2014 20:15
Кинеската интернет компанија Алибаба се подготвува за најголемата јавна понуда на акции во ИТ секторот.
Компанијата веќе подолго време спроведува психолошки советувања за своите работници, кои заедно поседуваат акции вредни околу 41 милијарда долари и кои ќе можат да ги претворат во пари кога компанијата ќе излезе на берза.
Според анкетата спроведена меѓу 25 аналитичари, вредноста на Алибаба би можела по јавната понуда на акции да достигне 152 милијарди долари. Акции не поседуваат само менаџерите, туку и многу работници во компанијата.
Идните богаташи имаат различни планови. Некои веќе во автомобилски салони се распрашувале за купување на луксузни автомобили и тоа во портокалова боја, која е заштитна за брендот на Алибаба. Други веќе најавиле дека парите ќе ги вложат во други акции или во недвижности во САД, додека дел ќе ја инвестираат добивката во нови компании во Кина.
Менаџментот на Алибаба со години ги подготвува своите работници да се носат со големите износи на пари што ќе ги заработат, предупредувајќи ги да не се занесуваат и да не ги трошат само на материјални добра.
Бројот на вработени кои се сопственици на акции е тајна што компанијата не се сака да ја открие, но се претпоставува дека нивниот број воопшто не е мал. Дел од 20.000 вработени во Алибаба веќе имаа можност да продадат дел од своите удели во компанијата преку претходни програми за продажба и да го почувствуваат богатството што ги чека. „Размислувавме за тоа дали ненадејното збогатување е како змијски отров, па со давање на повремени помали ’дози’ постигнавме ефект каков што има вакцината, така што нашата компанија нема да западне во хаос по продажбата на акциите од работниците“, вели за Ројтерс еден од луѓето кои го креираа системот за награди на вработените во Алибаба, кој сакал да остане анонимен.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




