Митко Јанчев вети грижа за старите лица до 80 часа месечно и Дом за стари лица
Објавено во: Македонија 02 Октомври, 2021
Во Кавадарци ќе се гради Дом за стари лица.
Кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев вчера се сретна со дел од пензионерите.
„На средбата презентиравме неколку проекти како што е изградбата на Дом за стари лица кој ќе има за цел згрижување, сместување, нега, како и медицински третман на згрижените лица од Тиквешкиот регион. Втор проект е обезбедување на помош и нега на стари лица, проект кој опфаќа помош и нега во нивните домови“, рече Јанчев.
Помош од 80 часа месечно ќе биде обезбедена за старите лица.