03 Мај, 2024
0.0469

МИТКО ЈАНЧЕВ ЗА ФАКТОР: Ќе се кандидирам за лидер на ВМРО-ДПМНЕ доколку на вонредниот конгрес се изгласа недоверба за Мицкоски

Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Митко Јанчев, градоначалник на Кавадарци и еден од противниците на лидерот Христијан Мицкоски во ВМРО-ДПМНЕ, За Фактор потврди дека би се кандидирал за лидер на партијата, доколку на вонредниот конгрес кој се најавува за 28 март, мнозинството од делегатите му изразат недоверба на актуелниот челник на партијата.

„Овој конгрес што го закажа Иницијативниот одбор е само за изразување доверба или недовреба на актуелниот лидер Христијан Мицкоски. Ако се изгласа недоверба за Мицкоски, тогаш треба да се свика нов конгрес, на кој ќе се пријават кандидати за нов лидер на партијата. Секој има право да се пријави и со своја програма да излезе пред делегатите“, вели за Фактор Митко Јанчев.

На нашето прашање дали тој би се кандидирал за нов лидер на сега опозициската ВМРО-ДПМНЕ, тој одговара потврдно.

„Да, доколку на вонредниот конгрес му се изгласа недоверба на Мицкоски, јас би се пријавил за нов лидер на партијата. Со своја програма ќе излезам пред членовите на партијата“, вели Јанчев.

Инаку, неодамна од Иницијативниот одобор за свикување на вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека имаат обезбедено двотретинско мноизинство, што е неопходно за конгресот да биде легитимен.

Ивица Коневски од Иницијативниот одбор рече дека конгерсот кој тие го закажаа во март ќе биде легитимен, зашто е поддржан од две третини од делегатите. Тој нагласи дека на самиот конгрес ќе го поканат и актуелниот лидер Христијан Мицкоски.

„Вондреден конгрес го сочинуваат сите делгати од последниот конгрес. Потребно е две третини од тие 500 делегати да учествуваат во вонредниот конгрес за тој да биде легитимен. Ние таа поддршка веќе ја имаме и затоа го закажавме вонредниот конгрес. Целта е да се бара одговоротст од актуелниот претседател за изборните порази, идејата е да се дискутира, и ќе биде поканет и претседателот. Доколку ги убеди дека тој не е виновен за поразите, ќе добие доверба. Се надеваме дека партијата ќе излезе уште посилна и целта е обединување и партијата да се врати на победите, на старите патеки кои ги заслужува. Видовме дека во минатото партијата ја водеше државата во еден вистински правец и се надеваме дека ќе се вратиме на таа победничка партија“, рече Коневски.

Инаку, за да се изгласа недоверба на актуелниот лидер, потребно е за тоа да гласаат 50 отсто од запишаните делегати, плус еден делегат.

Според очекувањата на Митко Јанчев, на конгресот на 28 март, сегашното расположение говори дека ќе се изгласа недоверба за сегашниот лидер Мицкоски.

А како што е познато, сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, има лоши зборови за Иницијативниот одбор. Самиот Мицкоски рече дека нема намера да си поднесе оставка за да му помогне на СДСМ и Зоран Заев.

Тој иницијаторите за негова смена ги нарече криминалци, одработувачи за СДСМ и Зоран Заев, мафија, мрачни сили, печалбари во политиката, хотелски коалиции, појаничарени слуги…

„И додека сум жив, и ако не сум, има план Б и В, ќе се борам против оние кои му служат само нему, на Зоран Заев за да си го зашттат својот криминал… За сите оние кои прават криминал, кои одработуваат за милост и кои поради тој криминал потклекнале и се во скутот на Зоран Заев, треба да знаат сега и во иднина – нема да правам компромиси со криминалци, нема да дозволам да се прогледа низ прсти поради сите нивни грешки и нема да премолчиме богатење на грбот на народот. Сите кои станаа најдобри другари на Зоран Заев не се затоа што се силни туку дека се екстремно слаби“, рече Мицкоски.

Тој не ги именуваше, но рече дека тоа се луѓе кои се сега гласни, а изминатите 32 месеци биле тивки и ровареле внатре во партијата, работеле на поделба на членовите за, како што рече, ова ВМРО-ДПМНЕ да не успее. На некои од нив алудираше, поврзувајќи ги со познатите случаи за криминал на претходната власт за кои се уште нема завршница.

Според познавачите, многу е веројатно битката за тронот на ВМРО-ДПМНЕ да заврши во судските лавиринти, од причина што актуелниот претседател и раководството на партијата нема да го признаат вонредниот конгрес. Тие ги имаат печатите, и токму за нив ќе се води судска битка.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ РАДОВИШ - ШТИП: сообраќајот е во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕЛЕКТРИЧЕН СТОЛБ ПАДНА НА ПАТОТ ГОСТИВАР - КИЧЕВО: кабли распослани по улицата, сообраќајот во прекин

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЕНОРМНО ЗГОЛЕМЕНИТЕ ПЛАТИ ЌЕ СЕ ВРЗАТ ЗА МИНИМАЛНАТА: Најчевска најавува „чистење“ преку укинување на бенефициите, еве што објави

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

ЌЕ СЕ СЛЕДАТ ТРАНСАКЦИИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИ, ОБВИНИТЕЛИ, БИЗНИСМЕНИ КОИ РАБОТАТ СО ДРЖАВАТА - еве што најави Димитриеска Кочоска

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

Стопанска комора: Избрзана, непазарна одлука за авто осигурувањето

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА УПРАВИТЕЛ И ДИРЕКТОР НА ЈП ПАЗАРИ БИТОЛА - злоупотребиле над 20 илјади евра

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД ВО ГРЦИЈА ПА И ДА ВРНЕ: Македонците навалија кон соседите, еве како е на границите

Велипеток - најтешкиот ден во годината

Велипеток - најтешкиот ден во годината

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи

„МНОЗИНСТВОТО АЛБАНЦИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ ГО ПРЕТСТАВУВА ВРЕДИ“: еве што му порача некогашниот сопартиец Меџити на Османи