Митовски за кривичната пријава: Oва е врв на политичкиот цинизам и лицемерство
Објавено во: Македонија 25 Јули, 2025 17:23
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски денеска рече дека кривичната пријава против него е политичкиот притисок врз него лично и врз општинската администрација.
„Да бидеме јасни: ова не е прашање на законско прекршување, туку брутален обид за дискредитација и заплашување. Факти наспроти фикција: Како функционира системот и зошто ова е политичка местенка?! Наводите во кривичната пријава се однесуваат на, наводно, „невалидност на одобрение за градење“ и „промена на инвеститор“. Дозволете ми да ги разјаснам фактите:
1.Правото на градба не може да се одземе без исполнување на законски услови – надлежноста е на инспекторатот! Одобрението за градење престанува да важи само доколку градбата не започне во законски предвиден рок. Меѓутоа, контролата на оваа важност, како и на усогласеноста на градбата со проектната документација, е исклучива надлежност на градежниот инспекторат (општински или државен), согласно член 101 од Законот за градење. Во конкретниот случај, постапено е врз основа на изјава за промена на инвеститор, процедура јасно регулирана во член 70 од Законот за градење, без издавање на ново одобрение. Кривичната пријава, оттука, е правно неиздржана.
2.Јас како градоначалник, општинската администрација и сите одговорни лица кои учествуваат во процесот на подготвување и потпишување на актите се водиме сторого и исклучиво по закон. До сега не постои случај на погрешно или неааконски водена постапка.
3.Промена на инвеститор – законски дозволен и администриран процес! Член 70 од Законот за градење експлицитно дозволува промена на инвеститор до моментот на издавање употребна дозвола. Оваа постапка е чисто административна, базирана на доставени валидни документи и изјави од странките. Општината постапила исклучиво по барање на странките и во согласност со законски пропишаните услови, без да издаде ново одобрение. Оттука, во овој процес нема ниту еден правно спорен елемент, ниту пак докази за умисла, лична корист или пречекорување на овластувања.
Имено, одобрението за градење е правосилен акт и сите права што произлегуваат од истото остануваат во сила, без оглед на рокот за започнување со градба, сè додека не се издаде употребна дозвола или не се утврдат други законски основи за негово поништување, што е надлежност на инспекциските служби, а не на општинската администрација.
Оваа кривична пријава е врв на политичкиот цинизам и лицемерство. Додека обвинителството молчи за брутални урбанистички девијации и илегална градба на висококатници во Чаир, каде што има стотици документирани прекршувања, тие покренуваат постапка за формална административна процедура во Крива Паланка. Ова не е случајност, ова е селективна правда, инструмент за политички прогон“, изјави градоначалникот на Крива Паланка.
Тој вели дека овој напад е резултат на паника во ВМРО-ДПМНЕ пред локалните избори.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




