02 Мај, 2024
0.0295

Мизерија во раскош

Објавено во: Економија, Колумни 08 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Оваа банална и добро позната кованица може да се аплицира на овие 10 години власт на ДПМНЕ. Со една мала задршка и интервенција – дека раскошот е само интенција, а мизеријата факт. Впрочем оваа кованица и самата алудира на тоа – оти акцентот е на мизеријата. Затоа што ваквата формулација во суштина е contradictio in adjecto - раскошот и мизеријата се исклучуваат еден со друг. Одлуката на Уставниот да се произнесува по една таква бесмислена идеја – да се аболираат лица обвинети за изборни манипулации – е последна во низата наши мизерии, наспроти декларираниот „раскош“ (кој се разбира е во наводници), кој наводно го живееме.Да си судија и да се согласиш на таква мизерија – е тоа е за мене феномен, достоен за иследување. Толку да се понижите себе си, да отидете против основните норми во вашата професија, толку да направите компромис со себе си, до толку да се унижите себе си, не значи ништо друго, освен да се „убиете“ себе си, да си пукате директно во срцето на човекот во вас. Знаете, во една фирма, во една компанија, па ако сакате и во едно семејство, најголема вредност,најголем капитал и најголем потенцијал е човекот. Само човекот и ништо друго. Така е и во заедницата и во државата – најважниот капитал ви е човекот, поединецот. Па во таа смисла навистина не можам да разберам како еден економист (како Груевски), не може или не сака да го види тоа. И упорно и упорно го убива најважниот и за една мала држава како Македонија, најскапоцениот потенцијал – поединецот. Наспроти желбата за раскош, тој константно го претвора тој потенцијал во жална мизерија. Кога некој паѓа, драги мои, најчесто ги повлекува и тие околу него. А ние, живеејќи го овој константен слободен пад во изминативе десет години, веројатно ќе завршиме сите во канализација. Оти ова натаму е ќинисано. И тоа од првиот ден, ова денес е само кулминација. Колку ли само наставници, професори, доктори, полицајци, граничари, војници, административци ги натера во овие десет години да се чувствуваат мизерно! Да се погазат и себе си исопствената професија. Тоа е просто жално. До таму ги дотера луѓето притискајќи ги до ѕид што целосно ги расчовечи. Правејќи ги мизерни, направи сенки од нив. Кога човек еднаш ќе го направите сенка, тогаш таа постојано ќе го следи и од него тогаш можете сè да побарате – тој еднаш веќе се убил себе си. Па сетете се колку ли само „контра-протестирачи“ извади на улица! Како ли само им беше на тие луѓе, кои не излегуваа на протести и по телевизии затоа што во тоа веруваа, затоа што тоа го сакаа, туку затоа што беа „влечени за уши“ или ги „вадеа од кревет“ „по пиџами“!? Верувајте, јас донекаде имам разбирање за тие луѓе. Човекот е кревко суштество и прво бара да биде најаден, напиен, облечен и со кров на глава, па дури потоа да ги сонува своите идеали. Затоа осудата секогаш е врз оној што таа мизерија ја предизвикал, не врз оној што ја прифатил. Ете, тоа е „народот“ на кој што тој се повикува, тој и таков народ тој сака – мизерен. Ги тера да носат срамни одлуки, да даваат срамни изјави, да се борат за бесмислици, да му го поддржуваат глупите одлуки, да му го штитат образот, да го заштитуваат, оправдуваат, бранат... додека не се претворат во мизерии, во луѓе без достоинство, во луѓе карикатури. Оти, драги мои, да доведете некого во таква состојба да погази сè за што некогаш се залагал, да фрли сè што некогаш нешто му значело, да се откаже од сè што го чинел вреден неговиот живот, не значи ништо друго, освен да го претворите тој човек во карикатура, во мизерија. А тоа значи засекогаш и целосно да го разоружате за секаква акција. Целосно одземајќи му го достоинството, вие го лишувате од најчовечкото во него. И така, наспроти инсистирањето на раскошот, во резултат вие добивате мизерна реалност. Реалност во која купувате компјутерска томографија во болниците, а имате мизерни доктори. Купувате компјутер за секое дете во училиштата, а имате мизерни наставници. Опремувате канцеларии, а имате мизерна администрација. Градите „велелепни“ згради, а во нив имате мизерни судии, мизерни полицајци, мизерни пратеници, мизерни луѓе воопшто. Во таа мизерија, џабе ви се сите опреми, сите згради, сите странски стипендии, сите услови...вие имате мизерни и демотивирани „полу – луѓе.“ Но, за жал, веројатно ќе мора да го допреме нашето морално дно. Веројатно секој од нас ќе мора до таа мера да се почувствува мизерен што ќе го фати ужас од самиот себе и ќе посака да оди само угоре, оти удолу веќе не ќе може. Тоа е таа кобна дијалектика – да се допре дното мора! До толку да се девастираме, понижиме и унижиме себе си, што ќе ни се згади од самите себе си и компромисите што сме ги дозволиле. Знам дека тој ден е далеку, подалеку од Договорот во Пржино, но убеден сум дека еден добар, светол ден мора да дојде. Д-р Трајче Стојанов

Можеби ќе ве интересира

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда