Младински соседски дијалози: Сега за иднината!
Објавено во: Мои пари 25 Октомври, 2023
Денеска и утре во Скопје се одржува Регионалната конференција за младински политики и конструктивни наративи на локално ниво „Младински соседски дијалози: Сега за иднината!“
Младите се иднината не треба да биде само празна фраза туку носителите на одлуки на сите нивоа треба да ги чујат нашите пораки и активно да нè вклучат во процесите на креирање политики, особено оние што директно нè засегаат, порачаат учесниците на Регионалната конференција за младински политики и конструктивни наративи на локално ниво. На дводневниот настан, кој го организира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), учествуваат повеќе од 50 млади од целиот регион. Тие дебатираат на теми како младинско учество на локално ниво, младински простори, мерки за млади во општините.
„Потребно е да се направат уште многу нешта за младите да бидат вистински партнери на институциите. Нашата држава мора повеќе да се залага за наше учеството во носењето младински политики на локално ниво, да придонесува во градењето нови лидери и на повеќе начини да ги поддржи младите. Институциите мора системски да ги вклучат младите во донесувањето одлуки и заедничкото градење политики, со цел младите да стекнат доверба во системот“, порача Емили Митевска, претседателка на младинскиот совет во Општина Велес.
Целта на конференцијата е да се создаде простор за отворен дијалог и да се споделат регионалните знаења и искуства за поголемоп инволвирање на младите во носењето одлуки, но и да се отворат прашањата за говор на омраза, почит кон разичностите, социјална вклученост, родова еднаквост и конструктивни наративи кај младите.
„Младинското учество во носењето одлуки е клучно за обликување на нашето општество и економијата во одржлива насока и градењето подобра иднина во согласност со потребите на младите. Тие треба да бидат двигатели на позитивни промени на овој фронт бидејќи младите навистина можат да донесат свежи перспективи, иновативни идеи и енергија за адресирање на социјалните прашања, и да понудат нови решенија. Со нов поглед на долгогодишните прашања, младите можат да ги премостат поделбите, да промовираат мир, да постигнат одржлив развој и да градат отпорни заедници“, рече Росана Дуџак, постојана координаторка на Обединетите нации во Северна Македонија.
„Во Северна Македонија ние се залагаме за формирање и напредок на младинските општински совети, бидејќи веруваме дека локалниот придонес на младите има непроценлива вредност. Директното учество на младите во носењето одлуки на локално ниво е клучно заради потенцијалот за промени и иновативни идеи кои тие можат да ги понудат и да придонесат за градење инклузивни, релевантни и одржливи локални политики. Регионално, имаме цел да креираме позитивни наративи и доверба преку активности за зајакнување на капацитетите на младите луѓе да бидат лидери во нивните заедници“, изјави Сања Бојаниќ, заменичка на постојаниот претставник на УНДП.
Во рамки на настанот ќе биде прикажан и документарниот филм „Моите, твоите, нашите улици“, во кој младите од три градови – Битола, Велес и Струга говорат за за различностите кои ги делат, но неретко и поврзуваат младите луѓе.
Конференцијата се одржува како дел од регионалниот проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, финансиран од Фондот за градење мир на Обединетите нации, кој го имплементираат УНДП, УНФПА, УНЕСКО и UN Women.
ПР објава* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.