18 Декември, 2025
0.0373

Младите ќе ги советуваат носителите на политиките за нивната економска иднина

Објавено во: Мои пари 01 Октомври, 2014 13:01

Добивај вести на Viber

Третата годишна регионална средба на Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади  за Европа и Централна Азија (ЕЦА) ќе ги собере на едно место носителите на политиките и давателите на финансиските услуги од регионот да разговараат за новите начини за одговорно и одржливо вклучување на децата и младите во нивните национални економии. Домаќин на Третата годишна регионална средба за Европа и Централна Азија (ЕЦА) ќе биде Народната банка на Република Македонија, а средбата ќе се одржи во хотелот „Александар палас“, Скопје, Република Македонија на 2 и 3 октомври 2014 година. На средбата ќе присуствуваат водечки носители на политиките од регионот, финансиски институции, експерти, практичари и иноватори коишто се занимаваат со прашањата поврзани со пристапот на децата и на младите до финансиите, финансиската вклученост и финансиската едукација, можностите за вработување и претприемаштвото и ќе споделат успешни приказни и предизвици. Целта на средбата е да се зајакне и да се усогласи финансиската вклученост, економската едукација и иницијативите за претприемаштво за младите во регионот. Своето присуство на Конференцијата го потврдија високи претставници на министерствата за образование, министерствата за финансии, централните банки, на организации за заштита на правата на децата, мултилатерални агенции, образовни и финансиски институции. Вкупно 65 деца и млади од цела Европа и Централна Азија ќе ги претстават пред носителите на политиките своите точки на дејствување за создавање соодветни и одржливи економски можности за младите. Преку активната вклученост на младите во процесот на донесување одлуки, веруваме дека политиките ќе бидат повеќе фокусирани на младите,  ќе бидат поинклузивни и ќе придонесат за нивната поголема прифатеност, бидејќи и самите помогнале во нивното создавање.

Можеби ќе ве интересира

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Како да купуваме паметно во пресрет на новогодишните празници

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Во dm има голем избор на мирисни ноти: Која ќе доминира оваа зима? Ова се нашите топ 5!

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?

Како да откриеш која кредитна картичка одговара на твојот животен стил?