19 Декември, 2025
0.0389

МЛАДИТЕ ОДБИВААТ ДА РАБОТАТ: Во текстилните погони aнгажирани и пензионерки

Објавено во: Македонија 04 Март, 2020 06:45

Добивај вести на Viber

Бидејќи младите не сакаат да работат во текстилната индустрија, од причина што сметаат дека работата е тешка, и слабо платена, во текстилот газдите ангажираат и пензионерки.

Работничките кои се во добра форма, иако се во пензија, прифаќаат да работат и да си обезбедат дополнителен приход. Нивна предност е и тоа што го имаат потребното знаење и искуство.

„Во Битола има фирми во кои работат пензионерки. Можеби се десетина, но сепак ги има. Младите не сакаат да работат. За неколку месеци кај мене дојдоа и си заминаа две млади работнички. Едната замина по два дена, а другата по неколку месеци“, раскажува сопственик на текстилна фирма во Битола.

Во Кочани има повеќе конфекции, и газдите велат дека тешко наоѓаат работници.

„Младите бегаат во други дејности, но засега се снаоѓаме некако“, велат конфекционерите од овој град.

Маријана Перковска од Текстилниот кластер вели дека нема зошто да биде нелегално жените да работат, иако примаат пензија. Парите кои ги примаат овие жени се оданочени и за нив газдите си плаќаат данок. Перковска вели дека младите не се гледаат себеси во текстилот, туку приоритет им е да најдат полесна работа, која ќе биде поплатена. Првенствено младите сакаат да работат во јавната администрација.

„Треба да сфатиме дека без производство нема да имаме држава. Работникот кој работи во производството не е ценет, но работодавецот е последниот кој треба да го цени, тоа треба да го направи државата и институциите. Треба да помине многу време и да се работи на тоа да се ценат луѓето кои работат во производството“, рече Перковска.

Таа додава дека има недостиг од работници, и дека со помош на пензионираните шивачки, кои прифаќаат ангажман, таа криза се ублажува.

Во следните години во Македонија ќе недостигаат неколку илјади текстилни и чевларски работници, поради иселувањето во странство и стареењето на населението. Оние работници кои ќе отидат во пензија, неизвесно е дали ќе има млад кадар да ги замени. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот