23 Ноември, 2024
0.0281

МЛАДИТЕ САКААТ РАБОТА ОД ДОМА: Кои се предностите и маните?

Објавено во: Економија 02 Февруари, 2024

Добивај вести на Viber

Многу млади луѓе кај нас работат од дома и велат дека таа работа им се допаѓа и има повеќе предности. Се чувствуваат комотно во домашни услови, не стануваат порано за да се спремат за на работа, но и заштедуваат така што не патуваат до работно место. 

„Познавам луѓе кои од дома работат за странци и се задоволни. Јас не работам, но ако имам прилика, можеби би работела“, вели млада девојка.

Повозрасните објаснуваат дека е добро да се работи од дома, ако младиот човек поседува компетенции и успеал да си најде таков тип на работа.

„Кој може да се снајде добро е, посебно за младите, а за нас постарите, ние мораме да патуваме. Јас работам, морам да патувам до Скопје“, кажа Раде Стефановски, граѓанин.

Како голема предност ја истакнуваат флексибилноста.

„Младите сакаат да работат од дома, немаат шефови кои им стојат над глава, самите се организираат кога ќе работат“, рече Дарка Пешевска, граѓанка.

Изабела Христовска Шкоф, сертифицирана кариерна советничка вели дека дали луѓето сакаат да работат од дома или не, многу зависи од личните убедувања на вработените. Според неа, важно е да се спомене дека работата од дома доаѓа со предности и недостатоци, слично како и работата во канцеларија.

„Како позитивна страни на работата од дома често се споменува флексибилноста која ја имаат вработените во поглед на креирање на распоред кој им одговара на нивниот личен живот, но и на можноста да се работи во период од денот кога вработените се најпродуктивни. Елиминирањето на дневното патување е уште една придобивка која овозможува заштедување на време и пари, но и намалувањето на стресот поврзан со сообраќајот и патувањето до работа,  а намалување на трошоците придонесува и тоа што компаниите немаат потреба од голем канцелариски простор, додека пак вработените немаат толку големи трошоци за работна облека. Понекогаш голема придобивка од работењето од дома е способноста вработениот успешно да постигне баланс меѓу работата и секојдневниот живот, а дел од поединците наоѓаат и зголемена продуктивност кога работат од дома“, вели таа. 

Но, како што додава, предности има и за компаниите. 

„Компаниите од друга страна можат да ангажираат таленти од различни географски локации. Иако работењето од дома има многу позитивни страни, сепак има и свои предизвици. Еден од најчестите предизвици при работењето од дома е појавата на чувство на изолација и осаменост особено кај вработените на кои им е важна социјалната интеракција на работното место. Кај вработените кои работат од дома можат да се појават комуникациски предизвици поради тоа што интеракциите лице во лице се заменуваат со виртуелни состаноци, електронска пошта и пораки. Исто така е можно и да се одолговлекуваат одредени задачи кои бараат блиска соработка. Чест предизвик е и неможноста на воспоставување на јасни граници помеѓу работата и личниот живот, како и техничките проблеми кои можат да го нарушат работниот тек, но и да ја нарушат сајбер безбедноста на системите на компанијата“, објаснува Христовска Шкоф. 

Додава дека и покрај сите овие предизвици, голем број индивидуалци и тимови уживаат во работењето од дома. Некои напредуваат при работата во ваква средина, додека пак другите ја препочитаат структурата и социјалните аспекти на работата од канцеларија.

Во 2019 година, 5,4 oтсто од вработените луѓе во Европската унија (ЕУ) кои биле на возраст од 15-64 години изјавиле дека работат од дома. Ваква слика покажуваат податоците на Евростат. Има и работници кои работат комбинирано, од дома, но и од канцеларија.  Во Македонија во време на пандемијата, многу фирми кои работеа со физички присуство, се префрлија на онлајн работење.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria