18 Декември, 2025
0.0937

Млекара Здравје Радово во новогодишна хумана мисија

Објавено во: Мои пари 25 Декември, 2014 12:19

Добивај вести на Viber

Во рамките на своите многубројни активности, Млекара Здравје Радово како општествено одговорна компанија, целосно посветена на заедницата, пред новогодишните празници активно се вклучи во кампањата за здрава исхрана и здрави навики. По иницијатива на Институтот за јавно здравје на Република Македонија, Млекара Здравје Радово ја поддржа детската едукативна претстава Распеана турлитава, која се оддржа на 22 декември во Театар Комедија, а која имаше за цел преку игра и забава да се пренесат пораките за здрави навики и здрав стил на живот кај најмладите. Во рамки на овој прокет, беа поделени билети  во Домот за деца без родители „11 Октомври“ Скопје, Дневниот центар за деца од улица Шуто Оризари, членовите на Здружението на лица со церебрална парализа од Велес и штитениците на Дневниот центар за лица со попречености „Детелина“ во Чашка, Домот за деца „25 Мај“ од Скопје, Дневен центар за деца кои не одат на училиште при Детската амбасада „Меѓаши“ и на членови на креативните студија „Ѕвезда“, „Детски свет“ и „Спирит“. На децата од Здружението на лица со целебрална парализа и Дневниот центар Детелина во Чашка им беше овозможено да присуствуваат на претставата, а беше и донирана и храна која се препорачува како правилна исхрана за здрав стил на живот. Храна ќе биде доделена и на децата од Дневниот центар во Шуто Оризари. Во оваа акција Млекара Здравје Радово уште еднаш апелираше на здрава исхрана кај најмладите, но и на препораките за внес на квалитетни млечни производи особено кај децата во развој. И во новата 2015 година компанијата ќе продолжи активно да ги помага ваквите проекти.

Можеби ќе ве интересира

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

ЕДУКАТИВНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА ОДГОВОРНО ИГРАЊЕ ИГРИ НА СРЕЌА

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“

КАМ го потврдува својот квалитет со три нови меѓународни сертификати „Best Buy“