Добивај вести на Viber
Деблокирање на новата транша помош за Босна и Херцеговина пред крајот на година би можело да се случи од страна на Меѓународниот монетарен фонд во склоп на планот со помош од 405,3 милиони евра одобрени на таа земја во септември, информира седиштето на Фондот во Вашингтон.
Мисијата на ММФ две недели престојувала во Босна и Херцеговина за да увиди како владата ги почитува реформите во замена за помош, според соопштението. А следната недела планира да реши неколку отворени прашања и да го отвори патот за исплата на нова транша помош, прецизира таа институција. До сега од септември се дебликирани 60,8 милиони евра. ММФ наведува дека во таа земја е остварен голем напредок во буџетските пресметки на таа земја во 2013 година и во реформите за финансиска стабилност.
Во јули 2009 година, ММФ на БиХ и’ одобри кредитна линија од 1,2 милијарди евра за ублажување на влијанието на светската економска криза во земјата.
БиХ вкупно повлекла 380 милиони евра од таа линија, пред замрзнување на договорот во октомври 2010 година откако земјата не ги презела реформите на кои се обврзала пред ММФ. Непредокот на програмата доцни поради отежната координација на одлуките помеѓу двата ентитети и институциите во Босна и Херцеговина.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.