ММФ гледа напредок во преговорите со Атина, Вруфакис предупредува на заразен излез
Објавено во: Балкан, Економија 20 Април, 2015 11:31
По неколку недели на ќор-сокак и никаков напредок во изминатите денови е забележан првиот напредок во преговорите меѓу Грција и нејзините меѓународни кредитори.
„Веќе неколку дена има малку повеќе расположеност во преговорите меѓу трите институции и грчката влада“, вели европскиот шеф на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Пол Томсон за германскиот економски весник „Handelsblatt“.
Тоа е „добар развој“ и „причина за надеж“, смета тој.
И покрај напредокот, сепак преговорите на ММФ, Европската централна банка (ЕЦБ) и Европската унија со Атина се уште се „далеку од целта“, вели Томсон. Тие треба да бидат многу забрзани, за да може да се стигне до навремен договор.
Финансиските средства на грчката влада можеби би биле доволни до јуни, изјави шефот на европскиот департмент на ММФ.
Трошоците за отплата, кои потоа ќе мора да ги преземе Грција, би биле премногу високи. „Ние имаме потреба од договор, па кредитите да успеат да опуштат дополнителна помош“, предупредува Томсон.
Покрај тоа, тој предупреди да не се потценуваат ризиците кои би можеле да се предизвикаат од едно излегување на земјата од еврозоната. „Никој не смее да мисли дека еден евентуален „Grexit“ би бил непречен“, предупреди тој.
Навистина Европа денес би била во посилна позиција благодарение на спасувачката програма „ESM“, на банкарската унија и на новите инструменти на Европската централна банка. „Но, се разбира, и Европа би била изложена на ризици“.
Тие би зависело од „економско-политичкиот одговор кој европските влади ќе дадат по еден Grexit“. Шефот на Европскиот департмент на ММФ изјавил за „Handelsblatt“ уште дека е особено важно да се намалат долгорочните ризици, како што се „ризикот дека еврозоната се смета за еден клуб во кој секој може да влегува и излегува, кога му е угодно“. Со тоа во иднина „би можело да настанат сомневања за останувањето на други држави“.
Грција се закани без дополнителна финансиска поддршка да западне во банкрот и евентуално да ја напушти еврозоната. Преговорите со кредиторите за програмата за реформи, кои се услов за исплата на следната транша, стигнаа во моментот во кој нема никаков напредок. Преговарачите од страна на кредиторите се пожалија дека грчката влада обезбедува само нејасни предлози.
Според мислењето на членот на Управниот совет на ЕЦБ Кристијан Ноае грчките банки наскоро може да ги исцртаат гаранциите, кои треба да се обезбедат за добивање на итните кредити ELA. Затоа грчката влада мора итно да обезбеди договор со Меѓународниот монетарен фонд и европартнерската програма, за да ја поврати довербата, изјавил Ноае за весник „Le Figaro“.
Слично како и Томпсон и Нојер стравуваат од тешки последици во случај на „Grexit“ кои ќе се почувствуваат од целата светска економија. Најтешко би било сепак, се разбира, за самата Грција. Земјата ќе претрпи сериозна економска криза, ако не направи ништо за решавање на главните проблеми и невработеноста.
И грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис предупредува за Grexit: „Секој кој се обложува дека другите земји ќе преживеат ако се отсече едно парче од еврозоната, си игра со оган“, предупредил тој во интервју за шпанскиот TV канал „La Sexta“. Разговорот сепак бил снимен пред десет дена.
„Некои луѓе веруваат дека остатокот од Европа со отцепување од Грција и Европската централна банка има алатки кои лачат на Грција“, вели Варуфакис. Но, тој се сомнева силно дека тоа е така навистина. Откако луѓето ќе сфатат дека монетарната унија не е банкротирана, ќе почнат и шпекулациите кој ќе биде следниот кандидат за напуштање, смета тој.
Во меѓувреме германскиот влијателен весник „Frankfurter Allgemeine Zeitung“ пишува за формирање на нова преговарачка група, наречена „Франкфуршка група“, која се појавила пред четири недели во Франкфурт на една полноќна вечера.
На неа присуствувале соработници на Марио Драги, Жан-Клод Јункер, Кристин Лагард и Алексис Ципрас. Средбата довела до минисрите на врвот во Брисел во средината на март, чија цел била да ги координира активностите на техничките тимови, со тоа што преговарачкиот процес за Грција да може да продолжи.
Оттогаш „Франкфуртската група“ била повикувана три до четири пати неделно, како комуникација по телефон или и во рамките на лични средби.
Новата преговарачка група има воспоставено контакт и минатата недела. Нејзините консултации биле тајни, но нејзиното влијание беше почувствувано уште минатата недела, кога грчкиот премиер уверил дека неговата земја ќе ги почитува преземените обврски кон ММФ, а неколку дена подоцна грчкото Министерство за финансии ги префрли парите по транши од ММФ.
Можеби ќе ве интересира
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација
Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата
Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии
Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни
Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата
Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени




