06 Октомври, 2024
0.0424

ММФ ја ревидира негативно прогнозата за светската економија

Објавено во: Економија 09 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги ревидира проекциите за глобалниот економски раст, земајќи го предвид забавувањето во споредба со 2014 година, објавија светски агенции.

Фондот очекува 3,3% глобален раст во 2015 година, намалувајќи ја прогноза од 3,5% во април во споредба со 3,4% во 2013 и 2014 година. За 2016 година проекциите покажуваат 3,8%.

ММФ прави промени во проекциите поради економиите на САД, Канада, Јапонија, Велика Британија, Мексико и Бразил, каде што се очекува помал раст од очекуваното. Како фактори особено за САД се посочуваат тешката зима, затворањето на пристаништа и излишни инвестиции во нафтената индустрија.

Во април ММФ објави дека економијата на САД ќе порасне за 3,1% оваа година во споредба со 2,4% во 2014 година и 2,2% во 2013 година. Сега Фондот очекува економијата на САД да се прошири за 2,5% во оваа и 3% во 2016 година.

Општо земено прогнозата за еврозоната за оваа година остана без промена - раст од 1,5%. Во 2016 година се очекува тој да биде 1,7%.

Податоците за Русија покажаа пад од -3,4% (0,4% според податоците од април) во 2015 година и 0,2% (1,3 според податоците од април) во наредната година.

Кај Кина нема промена во однос на април - 6,8% и 6,3%, соодветно за оваа и следната година.

Меѓународниот монетарен фонд предупредува дека нестабилните финансиски пазари може да предизвикаат економскиот раст во светот. А исто така негативно влијание може да има и зголемените геополитички тензии во Украина, Блискиот Исток и делови од Африка.

ММФ прогнозира пораст на економијата на Македонија од 3,2 отсто. Фондот укажува дека зголемените буџетски трошења од почетокот на годинава за плати, слабата напалата на ДДВ, расходите од влошената безбедноста ситуација, ќе го продлабочат дефицитот од 3,4 на 4 отсто од БДП. Предупредува Владата да ги скрати буџетските трошења за да го намали дефицитот под 3 отсто.

Според премиерот Груевски директна штета на економијата и растот во Македонија и прави СДСМ и поради нив ММФ  го намалил планираниот раст од 3,8 на 3,4 отсто.

 

Можеби ќе ве интересира

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта

ВО ВТОРНИК СЕ ПОТПИШУВА ДОГОВОРОТ ЗА УНГАРСКИОТ КРЕДИТ: Министерката Кочовска ќе отпатува во Будимпешта