05 Декември, 2025
0.0329

ММФ:Европа во криза, Азија во подем

Објавено во: Свет, Финансии 09 Октомври, 2012 10:38

Добивај вести на Viber

Eврозоната нема да излезе од рецесија годинава и ќе забележи пад на бруто домашниот производ од 0,4 %. За догодина економскиот раст во се проектира на  0,2% , а кризата дополнително ќе се продлабочи, ако европските лидери итно не преземат соодветни мерки, се наведува во извештајот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) посветен на глобалните економски перспективи, a објавен денеска во Токио. Според ММФ,  најголемата економија во еврозоната, Германија, ќе забележи економски раст од  0,9% за оваа и за идната година, Франција годинава ќе ја заврши со 0,1% раст, а догодина ќе има 0,4%. Велика Британија ќе забележи пад на БДП од 0,4% за 2012-та , а во 2013-та економски раст од 1,1 %. Италија и Шпанија остануваат во рецеција и следната година, исто како и Грција и Португалија. За Грција се предвидува економски пад од шест проценти за оваа и четири проценти за следната година, а за Португалија негативен раст од три проценти во 2012 и за еден процент за догодина. За земјите од Централна и Источна Европа, ММФ оценува дека кризата во еврозоната има ограничено влијание, па во текот на оваа година тие ќе забележат раст на БДП од два проценти, а  во следната од 2,6 проценти. Најдобри резултати меѓу државите од Централна и Источна Европа ќе забележат Летонија, Литванија и Турција. Економскиот раст кај Бугарија е проектиран на 1% годинава и 1,5% во 2013, додека за Србија, Унгарија, Хрватска и Чешка, кои годинава се во рецесија, ММФ предвидува подобрување  на состојбите во текот на 2013 година и економски раст меѓу 0,4 и 2%. Најголем раст Фондот предвидува за Кина кај која годинава се очекува да се забележи зголемување на БДП од 7,8 проценти, а следната година меѓу осум и 8,5 отсто. Прогнозите за Индија и Русија се нешто поскромни. Индискиот БДП годинава ќе се зголеми за 4,9 проценти, а идната година за шест отсто, додека за Русија се предвидува економски раст од 3,7 оваа и 3,8 проценти во 2013 година. Третата по големина економија во светот Јапонија ќе забележи економски раст од 2,2 %, или 1,2% во 2013. Во извештајот се посочува дека најголемата светска економија, САД ќе мора да ги подобри своите државни финансии и да преземе умерени краткорочни мерки со цел да не го загрози кревкиот економски раст. Според Фондот, САД се изложени на потенцијален најголем ризик поради кризата во еврозоната.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?

„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите

„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите

Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро

Трамп за Венецуела: Знаеме каде живеат лошите момци и ќе започнеме многу наскоро

Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат

Украински дронови погодија цели во Чеченија, удар за Ахмат

Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД

Романија, Бугарија и Ирак се соочуваат со клучни одлуки за Лукоил и роковите на САД

БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!

БРИСЕЛ ГОРИ ПО „ПАДОТ“ НА МОГЕРИНИ: Конфликтот во ЕУ се разгорува, се подготвува ново гласање за недоверба?!

РУБИО ОТКРИ КАЈ Е ГЛАВНИОТ СПОР ЗА МИР ВО УКРАИНА - дваесет проценти од Доњецка Народна Република

РУБИО ОТКРИ КАЈ Е ГЛАВНИОТ СПОР ЗА МИР ВО УКРАИНА - дваесет проценти од Доњецка Народна Република

OВА Е НАЈПРЕНАТРУПАНА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ: На секој жител има по 3 туристи

OВА Е НАЈПРЕНАТРУПАНА ЗЕМЈА ВО СВЕТОТ: На секој жител има по 3 туристи

(ВИДЕО) Неколку лица го нападнале и жив го запалиле синот на украински политичар во Виена

(ВИДЕО) Неколку лица го нападнале и жив го запалиле синот на украински политичар во Виена