МНОГУ ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Се очекуваат вистински зимски температури
Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2024 07:40
Според најновите излези на прогностичките модели, и тоа на двата најажурни модели, Европскиот модел (ECMWF), како и на Глобалниот модел (GFS), до самиот крај на овој месец продолжува стабилното, суво и сончево време со натпросечно високи температури на воздухот преку ден, но наутро останува релативно студено и со појава на магла и на ниска облачност по одделни котлини, објави метеорологот Славчо Попоски.
„Сепак, најновите ажурирања на истите, како што и претходно најавив, на почетокот на ноември месец, цртаат голема промена на времето и спуштање на многу поладен воздух од северот и од североистокот на Европскиот Континент кон Балканот и Македонија.
Во ваква ситуација, очекуваме вистински зимски температури уште во почетокот на ноември месец, како и прво провејување на снег понекаде и во градовите ширум Балканот.
Сепак, да напоменам дека ќе ги следам понатамошните ажурирања на прогностичките модели, па така навремено ќе бидете информирани за секоја ново – настаната временска состојба.
А вие, секако до самиот крај на овој месец можете да уживате во преубавите есенски денови, исполнети со многу сонце и со пријатни температури преку ден“, објави тој.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




