18 Декември, 2025
0.2151

MНОГУ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ БИ СЕ ИСЕЛИЛЕ: Во кои држави сакаат да живеат?

Објавено во: Македонија 12 Септември, 2023 10:30

Добивај вести на Viber

Многу истражувања кои се направени во Македонија, укажуваат дека 30, 40 или скоро 60 отсто од луѓето би ја напуштиле Македонија и би го продолжиле својот живот во странство.  Дури лани во декември беше соопштен податок дека 90 отсто од младите сакаат да се иселат. На граѓаните им пречат ниските плати, невработеноста, корупцијата.

Ги прашавме граѓаните во кои држави сакаат да се преселат. Нивните одговори се различни, но сакаат да живеат во земји со добар стандард.

Јас би се иселила во Америка, поради начинот на живот и јазикот. Многу луѓе од Делчево се иселија и се селат. Оној кој сака да се исели, успева“, рече Даниела Ј. од Делчево.

Жителка на Пробиштип вели дека ако некогаш се исели од Македонија, нејзин избор би била некоја од европските земји.

„Засега не размислувам да се селам, добро ми е овде, но ако заминам некаде надвор, би ја бирала Германија, Англија, затоа што има доста луѓе од Пробиштип кои таму се иселија и сакам земја со добар стандард и услови за живот“, рече Магдалена Ј. од Пробиштип.

Жител на Ресен вели дека младите се иселуваат во различни земји, на европско тло, но и преку океанот.

„Јас се вратив од Канада и не планирам да одам никаде, но младите се иселуваат секаде, во Америка, Канада, Европа. Од 2016 година има поголемо иселување. За неколку години сметам дека 3.000 ресенчани се имаат иселено“, раскажува Борис С. Од Ресен.

Кратовчанец вели дека не сака неговите деца да останат да живеат во Македонија.

„Јас би сакал моите деца да се иселат во скандинавските држави, затоа што тоа се средени општества, има ред и дисциплина, а овде е хаос“, додава жител на Кратово.

Meтодија Стојчески од Младински сојуз Крушево објаснува дека младите кај нас најчесто сакаат да се иселат во Германија, САД, а дури потоа ги споменуваат другите европски земји.

„Кога станува збор за иселувањето, први избор им е Германија, потоа ги споменуваат САД, а трет и четврт избор им се Италија, каде има наши иселеници во Милано, Венеција и помал број се за Британија. Сакаат да се иселат поради подобар стандард, во земји каде владее правото, има добар правен систем, социјална и здравствена заштита. Што се однесува до крушевчани, тие се иселуваат во Германија и Словенија. Еден наш сограѓанин замина во Љубљана, отвори фирма и повлече триесетина крушевски семејства“, вели Стојчески.

Статистички, за шест проценти се намалил бројот на младите луѓе во Македонија меѓу двата пописи од 2002 до 2021 година. Проценките се дека повеќе од  77.000 млади лица кои се родени во државата, заминале во странство последните години. 

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија